Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Од недела до вторник нема јавен превоз низ Скопје
Утре, недела (24.05.2020 год) од 11 часот до вторник (26.05.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз во Скопје, нема да функционира.
-
Естонија почна да го тестира првиот дигитален имунолошки пасош во светот
Естонија почна со тестирањето на еден од првите дигитални имунолошки пасоши во светот. Пасошот го направи тим составен од основачите на глобалните технолошки стартапи Transferwise и Bolt, со цел побезбедно враќање на луѓето на работните места по завршувањето на карантинот.
-
Уште 6 месеци ќе пазариме во редици со дезинфекција и маски
За уште 200 дена по престанокот на вонредната состојба ќе се применуваат мерките за заштита во трговските објекти.
-
Државниот може да се замени со домашен карантин -еве под кои услови
Владата на 56 седница донесе и надополнување на уредбата за лица кои се враќаат во Македонија.
-
Студентите можат да се вратат на факултет да полагаат испити и да посетуваат вежби и предавања
Согласно одредбите, на високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот за полагање испити на високообразовните установи, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот КОВИД-19 од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, може да се реализираат студиските програми, како и проверката на знаењето, со физичко присуство на студентот.
-
Лекар во Германија заработува 10 000 евра месечно-колкави се платите на Германците
Регионалниот шеф на ланец на продавници може да заработи годишна плата од 73,000 без даноци.
-
Владата донесе конечна одлука за полицискиот час за продолжениот викенд
Полициски час од недела во 11:00 до вторник до 05:00 часот
-
Мајките да бидат спокојни, породилното отсуство им трае до завршувањето на времените мерки
Мајките кои се на породилно отсуство треба да бидат спокојни - се додека траат времените мерки тие не мора да се вратат на работа.
-
Има само 17 години, а веќе одби работа во Microsoft и понуда од 8 милиони долари
Американецот од државатa Вашингтон, Ави Шифман кој има само 17 години, ја одби понудата за осум милиони долари да ја продаде платформата ncov2019.live за следење на ширењето на коронавирус, којашто сам ја осмисли и разви.
-
Како да процените на кои луѓе може да им верувате
Довербата во луѓето е многу важна, како во приватниот така и во професионалниот живот. Таа многу лесно може да се добие, но и те како е тешко да се одржи.