Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Работа од дома до 2030 година: Пола од вработените во оваа компанија нема да се вратат во канцеларија
Поголемиот дел од вработените ќе можат до крајот на годината да работат од дома, а оние кои сакаат ќе можат да се пријават за трајно да работат од дома од почетокот на следната година.
-
Ќе се загубат од 2.000 до 20.000 работни места – туризмот со две сценарија за последиците од кризата
На повеќето компании од туризмот и угостителството ќе им требаат најмалку шест месеци до една година да се опорават ако епидемијата со коронавирусот заврши до крајот на 2020-та, покажува најновата студија за ефектите од КОВИД-19.
-
Парични средства од 500 до 6.500 евра за домашни рибници
За оваа мерка може да конкурираат сите кои од 1 февруари до 31 мај годинава, набавиле порибителен материјал за насадавување на рибниците.
-
Награда од 25.000 денари за секој вработен во МВР - Полицискиот синдикат со барање
Македонскиот полициски синдикат бара од министерот за внатрешни работи да најде начин за да обезбеди парични средства за исплата на награда од најмалку 25.000 денари за сите вработени во Министерството за внатрешни работи.
-
За влез во Србија не ви треба тест за корона
Промената на одлуката е по препорака на струката
-
Потврдете или корегирајте: Рокот за доставување на ГДП е до 31 мај
На 31 мај истекува рокот за потврдување или корегирање на годишните даночни пријави кои УЈП им ги достави електронски на граѓаните. По истекот на овој рок, годишните даночни пријави добиваат статус на конечни.
-
ССМ: Недела да биде неработен ден за сите работници
Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) смета дека здравствена криза покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници.
-
Мартовската нето плата 26.422 денари, за 7,4 проценти повисока од лани
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2020 година изнесувала 26.422 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 7,4 отсто.
-
Утре ќе се знае каков полициски час ќе има за викенд
„Она што може да се забележи деновиве има мал пораст на бројките на светско ниво. Нашите здравствени власти ги знаат точно кластерите и немаме непознати жаришта. Дел од заразените се од литијата во Струга, како и од вечерите за Ифтар. Затоа ако сакаме да се олабават мерките ќе мора да се зголеми личната одговорност преку почитување на мерките за заштита“
-
Приклучокот за парно греење се намалува за 37%
Со оваа намалување ќе се стимулираат инвеститорите на нови зграда да се прклучуваат кон системот на парно греење, но и да се зголеми бројот на корисниците на овој систем.