Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Цик-цак корона седење во градските автобуси
ЈСП се подготвува да воведе нови стандарди. Од ЈСП за весникот ВЕЧЕР изјавија дека веќе се разгледуваат неколку идеи и искуства кои се применуваат во земјите во регионот и пошироко, а би биле приближно соодветни и применливи на условите и околностите со кои располагаат во ЈСП – Скопје
-
За кого важи уредбата првиот дел од ГО 2020 да се искористи до јуни?
Согласно новата Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи која беше објавена во Службен весник на Република Северна Македонија (04.04.2020г.) во член 3 е уредено користење на неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година и првиот дел од годишниот одмор од 2020 година.
-
СЗО предупредува дека е можно Ковид-19 никогаш да не исчезне
„Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека Ковид-19 можно е никогаш да не исчезне. За време на прес-конференцијата во Женева“, извршниот директор на програмата за итни случаи во СЗО, д-р Мајк Рајан, изјави дека не може да се направат предвидувања кога светот ќе се справи со вирусот.
-
Филипче: Ќе бараме продолжување на вонредната состојба
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека на Советот за безбедност ќе побараат продолжување на вонредната состојба.
-
Колку пари добиваат невработените Американци?
Милиони Американци ги загубија своите работни места откако пандемијата на коронавирусот ја погоди земјата.
-
Секоја трета компанија побарала државна помош за исплата на плати
Во земјава има скоро 76 илјади активни фирми.
-
Угостителите да останат затворени до следна одлука-апел од Државниот пазарен инспекторат
Мора да напоменеме дека многу објекти се осмелија дури и во полициски час да отвораат и притоа се собираат граѓани. Во вакви случаи постапивме изминатите два дена во Тетово, Врапчиште и во Гостивар
-
Влегување само со маска, 2 метри растојание и забрането послужување на пијалоци: Еве ги новите правила за влез во обложувалница
Спортскиоте обложувалници и другите уплатно – исплатни места од денес (13.05) можат да започнат со работа, но задолжително почитувајќи го протоколот за отворање и работа изготвен од страна на Комисијата за заразни болести.
-
Ќе продолжат ли да важат истите услови за Македонците кои одат на работа во Германија?
Неизвесно е дали германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ќе форсира продолжување на т.н. Западнобалканско правило за олеснет пристап на работници од овој регион на пазарот на трудот во Германија, пишува Дојче Веле
-
LinkedIn преку AI ќе ви помогне да бидете подобри на интервју
Ако барате работа во овие тешки времиња, можеби LinkedIn ќе може да ви помогне. Социјалната мрежа на Мајкрософт ги претстави алатките базирани на AI кои можат да ви помогнат да ги запознаете вашите потенцијални работодавци, но и добро да се подготвите за некои покомплицирани прашања на интервју.