Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Денеска почнува скрининг на граѓаните за Ковид-19
Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека од денес почнува скринингот на одредени категории групи на граѓани за Ковид-19.
-
На одмор во Грција само преку еден граничен премин
Туристичката сезона во Грција веројатно ќе започне на 1-ви јули. Хотелиерите во северниот дел од земјата сакаат да се отворат повеќе гранични премини пред почетокот на сезоната, но од владата велат дека не се подготвени да отворат повеќе од четири.
-
Скопје Сити Мол со официјално соопштение:Кога ќе отвори
Трговскиот центар ќе работи со ограничено/ скратено работно време
-
Уставен суд ја поништи владината уредба за минималец за функционери, судии и обвинители
Ваквата одлука на Уставниот суд значи дека сите функционери, судии и обвинители ќе ги земат полните плати за април и мај 2020 година, вклучувајќи ги и самите уставни судии. Истовремено, на вработените во целиот јавен сектор ќе мора да им се исплатат додатоците и надоместоците на плата.
-
Анкета: 32% од граѓаните сметаат дека мерките биле престроги и непотребни
Едни мислат дека мерките беа престроги, други дека се ефикасни
-
Продолжен рокот на пасошите и возачките дозволи
Владата, на предлог на МВР, на денешната седница донесе уредби со законска сила
-
Ги поседувате ли? Овие вештини се клучни за овие тешки времиња
Пандемијата на коронавирусот го сврте деловниот свет наопаку и тоа е факт. Од работење од далечина, до справување со ненадејни неуспеси во кариерата.
-
Можно е отворање на градинките за една недела
Верувам дека за период од една недела целосно ќе се заврши тој процес, во меѓувреме да се усогласат и критериумите на Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална работа, по што градинките би се вратиле во функција, рече Филипче.
-
ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ: Почна исплатата на парите од скенираните фискални сметки за изминатото тримесечје
Исплатата на парични средства за јануари, февруари и март 2020 согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе започната.
-
УЈП со важно соопштение до граѓаните кои скенираат сметки
Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки, и доколку има грешки во истите, да ги коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.