Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Засега нема скратување на полицискиот час, но во следниот период не е исклучена можноста за тоа
Засега нема стриктна препорака до Владата за скратување на полицискиот час, но не е исклучена можноста во периодот што следува да се разговара и за ова со оглед на тоа што се препорачува постепено олабавување на мерките и ќе почнат повеќе компании да се враќаат на работа, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.
-
Од 1 јуни Србија ги отвора границите со четири земји во регионот
Србија ќе ги отвори границите за проток на патници во целост од 1 јуни, но само со четири соседни земји, дознава Блиц
-
Катар Ервејс подарува 100.000 авионски билети за медицинските работници ширум светот
Катар Ервејс им подарува 100.000 бесплатни авионски билети на сите медицински работници ширум светот во знак на благодарност за нивните херојски напори за време на пандемијата COVID-19.
-
Неделава да се отворат моловите, авто школите, следната угостителски објекти, теретаните, базените, предлага Комисијата за заразни болести
Оваа недела да се отворат и да се вратат во функција центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници, органи за управување и конференции, авто школи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер без угостителска дејност, и затворени трговски центри односно молови без угостителска дејност, како и центрите за рехабилитација на слух, говор и глас кои целосно ги подготвија капацитетите.
-
Холандски ресторан пронајде решение за социјалното дистанцирање и сега не може да постигне со резервациите
Ресторанот Mediamatic во Амстердам е целосно букиран до крајот на јуни и покрај социјалната дистанција.
-
Дизниленд повторно отворен, а билетите распродадени за неколку минути
Тематскиот парк ќе применува мерки за безбедност, како примање ограничен број посетители.
-
Денеска можно олабавување на мерките за најмалку ризичните сектори
Денеска може да се очекува Владата да ги олабави мерките за најмалку ризичните сектори, но за намалување на полицискиот час до вчера немаше препорака.
-
Путин ги прекина неработните денови: Илјадници Руси денес се враќаат на работа!
Рускиот претседател Владимир Путин вчера соопшти дека режимот на неработни денови, кој беше воведен за да се сузбие коронавирусот во Русија, завршува денес.
-
Полицискиот час ќе се задржи уште две недели, на кафе ќе можеме од понеделник
Информациите се засега неофицијални, а Комисијата се очекува да ги објави утре.
-
Грците масовно ги продаваат хотелите
Цените се неверојатни и започнуваат од 160 илјади евра