Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Летањето со авион повторно станува луксуз: Цената на авио-билетите може да скокне и за 50 проценти
Евтините летови заминуваат во историјата, предупредува ИАТА.
-
Плата 2.800 евра и 5 недели годишен одмор: Еве како изгледа животот во Шведска
За да се направи парелела помеѓу начинот на живот од една до друга земја, новинари од магазинот “Buka” разговараа со човек кој ја напушил БиХ пред повеќе од две децении. Моментално живее и работи во Шведска во приватна компанија од областа на маркетингот. Ова е неговото искуство.
-
Ако сакате да нарачате пиво, на келнерот да му оставите име, адреса и телефон
Пиењето пиво во Швајцарија на пат да стане цела процедура!
-
Пентагон: Вирусот не е создаден во лабораторија
Началникот на Здружениот штаб на американската армија, генерал Марк Мајли изјави дека се уште не е познато дали новиот коронавирус потекнува од пазарите во Кина, од лабораторија или од друго место.
-
Жолти ленти за социјална дистанца стануваат составен дел од архитектурата?
Со цел полесно да се направи потребната социјална дистанца на јавни места, жителите на Сингапур користат жолти ленти за да ги маркираат местата за движење, пишува This is colossal.
-
Административците кои месец и половина седеа дома, сега ќе ги користат ланските одмори: ДОЗНАВА СДК
Вработените во министерствата, државните институции, општините и јавните претпријатија и овој месец нема да одат на работа бидејќи ќе го користат ланскиот годишен одмор.
-
Германски научници: Можеби нема да биде потребна вакцина против коронавирусот
Германските лекари постигнаа голем успех во потрагата по лек за коронавирусот, бидејќи тие успеаја да го докажат постоењето на антитела кои го спречуваат вирусот да навлезе во клетките.
-
Еве кој изгуби над 90% од профитот поради коронавирусот
Можете ли да претпоставите за која компанија станува збор?
-
Оваа компанија отпушта 25% од вработените
Во писмо до своите вработени, извршниот директор напишал дека компанијата отпушта 1.900 од своите 7.500 вработени.
-
Се враќа бесплатната ужинка за првоодделенците од Општина Ѓорче Петров
– Младите се нашата иднина. Тие се секогаш наш приоритет – потенцираат општинските власти.