Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Какво време не очекува за продолжениот првомајски викенд?
Временска прогноза за наредните денови - после врнежите, метеоролозите најавуваат друга промена
-
Адеми: Првачињата наместо во мај ќе се запишат во јуни, можно е укинување на матурата за оваа генерација
Пролонгирање на почетокот на уписот на првачињата од почетокот на мај на почетокот на јуни
-
"Човек од збор, тоа е она што најмногу ни фали" - Туристичко-угосителската комора во борба со кризата со Ковид 19
Од почетокот на здравствено-економската криза кога со уредба од државата угостителите престанаа да работат до денес, оставени се комплетно сами да се снаоѓаaт со минималната поддршка од министерствата за финансии и за економија, кои на моменти покажуваа волја и желба да се дојде до соодветни мерки за надминување на состојбата.
-
Микро, малите и средните компании од денеска може да аплицираат за вториот пакет бескаматни кредити
Од денеска почнува аплицирањето за вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната банка во висина од осум милиони евра.
-
Границата меѓу Словенија и Хрватска може да биде отворена до крајот на Мај
Ако нема повторно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, границата меѓу Словенија и Хрватска може повторно да биде отворена до крајот на мај, јави дописникот на МИА од Љубљана
-
„Виз ер“ воведува нови протоколи од 1 мај
„Виз ер“ со нови мерки за безбедност од корона вирусот: Патниците ќе мора да носат маски за време на летот
-
Ова е 85-годишната прилепчанка излечена од Ковид-19: „Ако преживеам, да се сликаме и да се ставиме на Фејсбук’“
Ќерката на 85-годишната прилепчанка, пак, била меѓу првите излекувани, но и натаму ѝ била придружник на својата мајка до крајот на лекувањето.
-
Уредбата за задолжително носење маски објавена во „Службен весник“ – дознајте ги правилата и исклучоците
Уредбата за задолжително носење маски, марами или шалови надвор од домот е објавена во „Службен весник“ со број 107 од 22 април 2020 година. Таа стапува во сила од денеска. Заради изворно и детално информирање на граѓаните со обврските, исклучоците и казните што произлегуваат од овој акт, Уредбата ја објавуваме во целост.
-
Ангеловска: Компаниите корисници на финансиска помош ќе може да го намалат бројот на вработени
Нови владини мерки!
-
Сите свадби за летово се откажани, матично само за бремени невести, но без роднини и пријатели: СДК ДОЗНАВА
Сите свадби закажани за пролетва и летово се откажани или презакажани за наесен.