Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Граѓаните ќе можат доброволно да одлучат повратот од МојДДВ да го донираат во Буџетот за справување со Ковид-19
Физичките лица корисници на апликативниот софтвер за пријавување на податоците од фискалната сметка изготвен во мобилна верзија ќе имаат можност да изберат да го донираат остварениот износ од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање.
-
Зачувани 7.500 работни места: Обложувалниците, автомат клубовите и казината ќе можат да работат онлајн
Економските оператори што организираат игри на среќа ќе можат онлајн (преку интернет) да ја продолжат својата дејност.
-
Корона вирусот ќе ни донесе и нови правила за летање: Пакетот ќе биде претставен во мај
Главната цел на овие мерки е да се загарантира безбедноста на здравјето на патниците од авиосообраќајот, којшто во изминатиов период се смета за главен пренесувач на корона вирусот во светски рамки.
-
Целосно укинат полицискиот час во Босна и Херцеговина!
Укинат е полицискиот час кој во Федерацијата Босна и Херцеговина на сила беше од 21 март како мерка со цел спречување на ширењето на коронавирусот, а со кој беше забрането движењето од 20 до 05 часот.
-
Нов усогласен образец на Дозвола за движење во време на полициски час
Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството , а поврзани со актуелната состојба за справување со ширењето на Ковид-19, Сојузот на стопански комори на Македонија објави известување за настанати промени на образецот на Дозволата за движење во посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија усвоен на седница на Влада бр.45 од 22.04.2020 година, како и информација за донесени уредби со законска сила за Законот за трговија и за Законот за банки.
-
Макпетрол АД - компанија на неделата според ССМ
Макпетрол АД според Сојузот на стопанските комори на Македонија е прогласена за најдобра компанија изминатата недела.
-
Дали вака ќе изгледа седењето во авион по Ковид-19?
Италијанската компанија Avio Interiors понуди два идни концепти за седење во авион кои би можеле да ја решат потребата за социјална дистанца.
-
Во 8 македонски градови и натаму нема коронавирус!
Министерот за здравство Венко Филипче денес информираше за најновите податоци за состојбата со коронавируост во земјава.
-
Превозниците ќе протестираат пред Влада, ама од кабините, бидејќи не се дозволени јавни собири
Превозниците во понеделник или вторник ќе одржат протест пред Владата поради зголемената акциза на горивата, која е донесена со цел да се зголемат буџетските средства заради справувањето со корона епидемијата. Возачите ќе го искажат своето незадоволство од кабините на транспортерите, затоа што не се дозволени јавни собири поради мерките на заштита, а нема да има ниту целосно застанување пред локациите.
-
Од среда фирмите ќе можат да аплицираат за бескаматен кредит до 90.000 евра
Од среда, 29-ти април микро, малите и средни компании од сите дејности, погодени од КОВИД-19 кризата, ќе можат да аплицираат за 8 милиони евра бескаматни кредити, преку Развојната банка на Северна Македонија. Кредитите од оваа линија ќе бидат до 90.000 евра, а условите и постапката за аплицирање се олеснети.