Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Владата објави повик за набавка на 2.000 маски дневно
Владата на Република Северна Македонија објави Јавен повик https://vlada.mk/node/21153 за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од коронавирусот КОВИД – 19 за време на вонредната состојба. Согласно повикот, маските треба да бидат повеќекратно употребливи, изработени од 100% памук, грамажа: 140-160 гр/м2 и промена на димензиите при перење и сушење (собирање) на 95°C максимум 5%, на јаток максимум 1%.
-
Скопски пожарникари: Бараме изземање од ограничувањето за додатоци на плата
Синдикатот на пожарникари на Град Скопје реагира на уредбата со која се врши ограничување на исплатата на додатоците на плата за април и мај и бара пожарникарите да бидат изземени од неа.
-
Турција бесплатно ќе дава земјоделско земјиште за производство на храна
Државата ќе дозволи бесплатно да се обработува околу 9,7 милиони квадратни метри земјоделско земјиште за одгледување на житни култури, мешунки, маслодајни култури и фуражни култури.
-
ЈСП СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ
Прочитајте!
-
Во оваа земја плаќањето во готовина ќе стане минато до 2023 година
Парите какви што ги познаваме наскоро од банките и паричниците може да се префрлат во музеите, бидејќи светот се доближува до моментот кога ќе стане безготовинско општетсво.
-
Сите го користиме постојано, но дали знаете како изгледа?
На вашиот омилен уред (компјутер, телефон, таблет…) го отворате омилениот пребарувач – Chrome, Firefox Edge, Opera, Internet Explorer…, ја впишувате омилената адреса и притискате Enter. Но, дали знаете што се случува потоа?
-
Дали доаѓа плексиглас доба?
Плексигласот бележи голема популарност во време на пандемија благодарение на масовното подигнување на заштитни прегради секаде каде е потребно. Најчесто како преграда се користи во продавници, банки, пошти, кризни штабови, а неговата употреба ќе најде примена и на многу други места за борба против вирусот.
-
Дали епидемијата на коронавирусот ќе го забрза роботизирањето на работните места?
Денес, во контекст на светот зафатен од епидемија на коронавирусот, роботизирањето истовремено звучи и како спас, но и како закана.
-
Моден бренд не продал ниту еден производ цел месец
Од почетокот на пандемијата, продажбата на американскиот моден бренд Примарк падна на нула бидејќи компанијата мораше да ги затвори своите продавници низ Европа и САД.
-
Теретаните и салите забранети и понатаму -шокантна одлука за одење на Водно!
Одлуката е објавена во Службен весник