Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Коронавирусот ја губи силата на сонце, влага и топлина, тврдат американските научници
Коронавирусот побрзо ја губи силата кога е изложен на сонце, топлина и влага, изјави официјален претставник на американската влада, сигнализирајќи дека болеста позната како Ковид-19 може да стане помалку заразна во наредните летни месеци.
-
Неуспешно тестиран лек за Ковид-19
Потенцијалниот лек „Ремдесивир“, за кој се веруваше дека може да лекува луѓе со Ковид-19, наводно неуспешно бил тестиран на првото клиничко испитување, покажаа документите што протекоа од СЗО.
-
Секој четврти работник има намалена плата
Сведување на трошењето на минимум е една од опциите која ја одбираат Македнците за да ја преживеат кризата. Секој втор анкетиран рекол дека ќе троши минимално, секој трет ќе чепне во заштедата. 26% очекуваат помош од државата 15% ќе работат за било каква плата, а речиси исто толку ќе бараат пари од пријатели.
-
Барање од Македонски полициски синдикат
МПС: Граѓаните да не ги фотографираат полициските службеници, се смета за кривично дело
-
Граѓаните кои го одложиле исплаќањето, можат да се предомислат и да ги продолжат со исплаќање на кредитот
Граѓаните кои ја прифатиле понудата на банките за одложување на отплатата на кредитите во наредните шест месеци, можат да се премислат и да продолжат со редовно плаќање на ратите. И оние кои ја одбиле понудата и продолжиле со отплата на кредитие, доколку сакаат, можат и сега да побараат одложување.
-
Кој се ја предвиде пандемијата на корона вирусот?
Неколкумина, луѓе што ги познава денешницата ја предвиделе пандемијата на корона вирусот. Голем број портали во светот како и социјалните мрежи зовреа по објавувањето на претскажувањата на Баба Ванѓа и Нострдамус, но, за ширењето на заразата пишува и американскиот писател на научна фантастика Дин Кунц во романот „Очи на темнината“ од 1981 година
-
Филипче: Само два метра растојание се потребни за да се заштитите себеси и тие околу вас
Да одржуваме растојание. Само два метра растојание се потребни за да се заштитите себеси и тие околу вас, порача во објава на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
-
БОГАТИТЕ СЕ ДОЗБОГАТИЈА: Погледнете кој е на врвот во ера на пандемијата
И додека економијата глобално се соочува со рецесија, технологијата и платформите, како што е Зум, доживуваат бум, поради користење на видео-разговори, прес-конференции на далечина, состаноци и друго, па во време на изолација, ова им донесе брза и огромна заработка на сопствениците на ваквите компании, пишува Ројтерс., а пренесува Financial Review.
-
Пензионери ќе добијат пензија една недела порано - задолжително носење заштитна опрема
Сите банки се подготвени предвреме да ја извршат исплатата на априлските пензии, информираа од Македонската банкарска асоцијација (МБА)
-
Пробувањето облека во кабини ќе биде невозможно
Дали ќе се сведе се на онлајн купување?