Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Поради корона вирусот загрозени се 60 милиони работни места во ЕУ, а ова се најзасегнатите професии
Ако Европа не успее да го стопира вирусот во рок од три месеци отсега и биде принудена да продолжи со социјалното дистанцирање во текот на летото, стапката на невработеност идната година ќе биде на највисоко ниво од 11,2%, додека целосното закрепнување на економијата не се очекува пред 2024 година.
-
Можно е полицискиот час да почнува од 19 часот?
Кризниот штаб на Владата денес расправал за опцијата за намалување на траењето на полицискиот час, со што тој би траел од 19 до 05 часот.
-
155 лекови и 79 вакцини моментално на тест против Ковид-19
Во светот се развиваат вкупно 155 лекови и 79 вакцини за борба против коронавирусот, соопшти австрискиот институт за медицинска технологија (АИХТА).
-
ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Акцизата за нафтата се зголемува за 3 денари
Владата одлучи акцизата за нафтените деривати да се се зголеми за три денари, дознава Алсат.
-
Чиле ќе издаде „светски пасош“ за лицата негативни на Ковид-19
Чиле планира да стане прва држава која ќе издаде „светски пасош“ на лицата кои по заздравуваањето од новиот коронавирус стекнале имунитет, а благодарение на пасошот за нив нема да има ограничување на движењето.
-
Кинезите продаваат паметни очила кои помагаат во детектирањето на КОВИД-19
Една од првите мерки за откривање на заразените со корона вирусот е покачената телесна температура. Во најголем дрој од случаите проверката се врши со бесконтактно мерење со помош на посебни уреди. Но, кинеската компанија Rokid направи напреден уред кој покрај мерењето на температурата, може да направи многу повеќе.
-
Вака изгледа респираторот на Ferrari
Од италијанската компанија велат дека производството на автомобили нема да да продолжи најмалку до 3 мај.
-
Кој ќе ја плати сметката од 8.000.000.000.000 евра!?
Застојот и рецесијата која ќе ја зафати економијата оваа година поради пандемијата на коронавирусот се очекува да ја чини глобалната економија загуба од ни повеќе ни помалку туку неверојатни 8.000.000.000.000 евра. Со зборови: осум трилиони евра
-
Цената на нафтата падна под нулата - Драматичен пад за прв пат во историјата во САД
Падот на цената на нафтата во САД е последен во низата индикации за вистинската длабочина на кризата во која светот падна како резултат на глобалната пандемија на нов коронавирус што се појави и се шири од Кина.
-
Словенија почнува да функционира како да нема корона вирус
Словенечката Влада одлучи повторно да ги отвори специјализираните продавници за градежен материјали и некои сервиси, јави дописникот на МИА од Љубљана.