Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Еве кога ќе можете на Шопинг во Солун
Првите бизниси на кои ќе им се дозволи повторно да се отворат ќе бидат продавниците за малопродажба кои биле затворени на 18 март.
-
ГОРАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: „Во шума е забрането, а во црква од иста лажичка е дозволено“
Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, воведена е забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот. Забраната почна да важи од утрово и ќе трае сè до нејзино отповикување.
-
Словенија ги отвора продавниците за градежни материјали, сервисите и работилниците
Ова постепено укинување на ограничувањата беше најавено откако податоците покажаа дека се помалку словенечки граѓани се заразуваат со коронавирусот.
-
Италијанец рекордер по број на казни, плаќа по 300 евра и продолжува да се сонча
Во некои италијански покраини мерките за ограничување во време на карантин се ублажени, но останува задолжителното носење на заштитни маски и препорачаното растојание меѓу лицата.
-
Дали ќе имаме имунитет за корона и дали ќе можеме повторно да се заразиме? Научник даде одговор на овие прашања
Дописникот на „Гардијан“, Хана Девлин одговара како нашите тела се борат против коронавирусoт кога се заразени, како ние развиваме имунитет и дали повторно можеме да се заразиме со „Ковид-19“.
-
Исланд спроведе масовно тестирање, 42 отсто од позитивните без симптоми
Исланд спроведе тестирање за новиот коронавирус на 10 отсто од својата популација, а оваа мала земја од 364.000 жители, почна со тестирање еден месец пред да се потврди првиот пациент на таа територија, пренесува Хина.
-
Најмалку 2 метри растојание помеѓу патниците во јавниот превоз
Заради заштита на јавното здравје на граѓаните, а како резултат на преземање на мерки за спречување на ширење на коронавирусот, на предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Северна Македонија на последната седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба.
-
Од денеска забрана за движење во шуми, казни до 2.000 евра
Од денеска се воведува забрана за движење во шуми и шумско земјиште поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор.
-
Харвард: Вирусот ќе биде тука најмалку до 2024 година и ќе зарази околу 70% од светското население
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека „сигурно“ инфекциите сè уште не го достигнале својот врв. Повеќе од 2 милиони луѓе ширум светот се заразени, а над 124.000 умреле во најсериозната пандемија на векот.
-
Aмериканската економија бележи најсилен пад од Втората светска војна
Во САД минатата недела над 5,2 милиони граѓани поднеле барање за надомест за невработеност, што значи дека бројот е сега поголем од 10 милиони за само четири недели, покажува извештајот на американската влада.