Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Дали Македонските компании ќе“го одврзат кесето“ за да ги задржат тие што се вратија од странство заради корона кризата?
Сите кои во моментов се во неизвеснот или се без работа се потенцијални нововработени и не се само работници со средно и не се само од фабрики и продажба, останале без работа и правници и сметководители и менаџери токму за тоа сега е вистинско време за одбирање на совршени кандидати.Кој ке даде подобра понуда тој ќе го добие кандидатот.
-
Велигден:Причеста останува со едно лажиче, иконите ќе се дезинфицираат
Во сите земји црквите ќе бидат отворени.Не е препорачливо масовност и собирање во црквите
-
Бонус до 1.500 евра за медицинските работници од француската влада
Француската влада соопшти дека ќе им исплати бонус до 1.500 евра на сите здравствени работници кои се директно вклучени во негата на пациентите заразени со коронавирус.
-
Ковид-19 може да се дијагностицира и без тест
Руски научници осмислија метод за дијагностицирање на новиот коронавирус без примена на тестови. За таа цел се потребни податоци од термовизиски камери и рендгенска снимка на пациентот, што е доволно за да се детектира болеста во организмот, пишува порталот Russia Beyond.
-
Руски експерт открива кои професии ќе бидат најбарани по пандемијата
Во блиска иднина без работа нема да останат ИТ професионалци и луѓе со средно образование, смета рускиот експерт Роман Шкут.
-
Борисов: "Драги газди, продајте ги скапите автомобили и исплатете им плати на работниците"
Според него, во Бугарија има 84 Ролс-Ројсa, 241 Бентли, 54 Мајбаха, 22 Ламборџинија, 311 Масератија и 280 хамери.
-
Промоција од А1 Македонија – 50% попуст на дополнителни ТВ пакети
Телекомуникациската компанија А1 Македонија со уште еден бенефит за своите корисници, во низата придобивки во периодот на Covid-19. Од денеска, А1 Македонија овозможува попуст од 50% на месечната претплата за активација на одредени дополнителни ТВ пакети.
-
„Витаминка“ донираше за лицата со посебни потреби
Пакети со прехранбени производи до лица со посебни потреби донираше компанијата „Витаминка“.
-
МТСП: Петок неработен за граѓаните од православна вероисповед, понеделник за сите
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 17 април, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
-
Водич за Ковид-19: Mиењето раце е подобра превентивна мерка за инфекција отколку носењето на ракавици
Ракавиците може да дадат погрешно чувство на сигурност, затоа, миењето раце е подобра превентивна мерка за инфекција отколку носењето на ракавици за еднократна употреба, се наведува во заедничкиот водич за Ковид-19 и безбедноста на храната кој го подготвија Светската здравствена организација (СЗО) и Организација за земјоделство и храна (ФАО).