Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Третина од граѓаните ја одбија понудата на банките да го одложат плаќањето на кредитите
Она на што имаа забелешки граѓаните во однос на понудата е што банките за време на периодот за кој ја даваат можноста за одложување на плаќањето на обврската на клиентот му пресметуваат камата.
-
Симулација на тоа како едно кашлање може да го рашири корона вирусот во супермаркет
Истражувачи од Финска направија симулација на тоа како капките кои ги исфрла некој заболен од корона вирус ако се накашла додека се наоѓа во супермаркет стојат во воздухот неколку минути и патуват низ рафтови, на тој начин заразувајќи ги сите купувачи во близина.
-
Бил Гејтс предупредува дека вакви епидемии ќе се повторуваат на 20-ина години
Гејтс е уверен дека мора да се подготват цели дијагностички системи, опсежни дигитални книги за вируси и антивирусни тела, но и рани системи на предупредување.
-
Како викендот драстично се промени во време на самоизолација
Еден од предизвиците на сегашната криза е фактот дека голем дел од нашите распореди се целосно во хаос, објаснува Лори Сантос, професор по психологија на универзитетот Јејл.
-
СЗО предупредува: Укинувањето на мерките може да доведе до фатално враќање на пандемијата
Предвременото укинување на мерките за ограничување за движењето, воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, може да предизвика „фатално враќање “ на пандемијата, предупреди директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус.
-
Како до безбедно онлајн купување и сигурна достава: Препораки од Агенцијата за пошти
Доколку се најдете во улога на купувач преку телефони, компјутер, таблети,… пред да започнете со процесот на е-купување, Агенцијата за пошти (АП) препорачува задолжително да се направи проверка на онлајн продавницата од која сакате да пазарите.
-
За карантинскиот викенд потрошено повеќе алкохол отколку за Нова година
„Толку алкохол не ни се потроши ниту за Нова година“, коментираа вработени во скопски супермаркет. На секој час од магацините ваделе нови пакети алкохолни пијалаци, а на удар од купувачите кои се подготвуваа за долгиот карантински викенд биле и лебот и сите видови грицки.
-
Шведски доктор: Карантинот може да ни наштети повеќе од самиот вирус
До денес, во Шведска се пријавени 9141 случаи на коронавирус, а 793 лица починале.
-
Угостителскиот сектор и Владата денес преговараа за нови мерки и нови предлози
Се очекува да се најде најсоодветно решение
-
Со специјални летови стигнуваат „сезонци„во Германија
За да се спречи пропаѓање на плодовите кои нема кој да ги собира, германските власти одобрија во април и мај да стигнат по 80.000 сезонски работници од источна Европа.