Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
„АТС Гроуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19
„АТС Грoуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за КОВИД-19 на Министерството за здравство, за потребите на јавниот здравствен систем во напорите за справување со вирусот Ковид 19. Тестовите за Ковид 19 ќе бидат распределени во Институтот за јавно здравје на територија на целата држава, со што ќе се овозможи тестирање на поголем дел од населението. Заштитните маски се транспортираат од Народна Република Кина и во најскор рок ќе пристигнат во земјава.
-
Вработените кои ќе останат дома поради кризата од Владата нема да добијат нето плата од 14.500 денари туку 9 илјади
Финансиската помош во висина од 14.500 денари, според владината уредба, појасни миснистерката ќе биде бруто плата, од работник, која што државата ќе ја исплати на компаниите за тие да им исплатат по 9 илјади денари брупо плата на своите вработени
-
Facebook лансира апликација за комуникација помеѓу парови
Апликацијата се вика Tuned и ја дизајнираше тимот New Product Experimentation, а ги поттикнува паровите да го споделуваат своето расположение, да разменуваат музика и да креираат дигитални споменари.
-
Оваа земја ќе ги плаќа сметките за струја и вода на своите жители
Иницијативата е дел од пакетот за поддршка на економијата во висина од 11 милијарди долари.
-
Дозволи за движење во полициски час отсега и преку порталот uslugi.gov.mk
Министерството за информатичко општество и администрација пушти во употреба нова електронска услуга за секој граѓанин да се пријави за потребна дозвола за движење во време на забрана, преку порталот uslugi.gov.mk наместо како досега со праќање мејл до МИОА.
-
Едни донираат, други профитираат: Маските за заштита станаа повеќе од потребни
-Пред почетокот на „корона-кризата“ маските чинеле околу 4 денари. Сега, ако успеете да најдете истата ќе ја купите за цена од 30 до 50 денари за парче. Многу тешко може да се најдат и од поскапите маски, велат фармацевтитие.
-
Путин ќе ги награди медицинските работници со додаток на плата од 25.000 до 80.000 рубљи
Рускиот претседател Владимир Путин по средбата со гувернерите на сите области во Руската Федерација ги соопшти новите мерки кои ќе бидат спроведени низ целата земја во екот на пандемијата со Ковид-19.
-
Дали работниците од Балканот имаат право на државна помош во Германија?
Германската влада започна со исплата на финансиска помош на оние кои западнаа во потешкотии поради кризата предизвикана од коронавирусот. Помошта е наменета за работниците и компаниите, а посебно внимание се посветува на малите бизниси, како и на самостојните занаетчии, уметниците и слично.
-
Овие 4 земји наскоро ги повлекуваат дел од ограничувањата поради Ковид-19
Некои европски земји претпазливо ги најавија плановите за укинување на ограничувањата наметнати од коронавирусот настојувајќи што побрзо да го расчистат патот за враќање кон нормалниот живот после еден месец целосна изолација.
-
Шпанија воведува универзален основен приход
Шпанија се движи кон воведување на перманентен основен приход како мерка за да им помогне на работниците и нивните семејства погодени од пандемијата на коронавирус.