Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за март 2020 година изнесува 32.941 денари
Според минималната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, најмногу пари биле потребни за...
-
„Телеком“ ќе донира мобилен интернет за онлајн-настава за децата од социјални семејства
Триесет илјади ученици во основно и средно образование од 18 400 социјално загрозени семејства во земјава ќе добијат картички за мобилен интернет со капацитет од 10 гигабајти месечно од „Македонски телеком" за да пристапат на интернет само за платформите за далечинско учење одредени од Министерството за образование и наука.
-
Лицата со попреченост и старите лица ќе добијат асистенција
Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) реализира услуги за поддршка на лица со попреченост и други ранливи категории во услови на КОВИД 19.
-
Угостители: Кредитите не ги сакаме, Владата да се погрижи за 15.000 работници кои веќе се одјавени
Ова денес и го порачаа на Владата илјадници угостители од земјава, групирани во Туристичко-угостителската комора при ССК. Велат економските мерки нема да ги користат оти тие не се доволни, рестриктивни се и само ќе ги дозадолжат.
-
Од утре променет железничкиот возен ред
План за сообраќај на патнички возови во услови на ограничено движење со важност од 08.04.2020 година.
-
Париз со необична забрана со цел да го спречи ширењето на коронавирусот
Забраната ќе важи во периодот од 10 до 19 часот, пренесува Би-Би-Си.
-
Германија планира на 19 април да го врати животот во нормала
Германија подготви список на мерки, вклучително и носење маски, ограничување на собирање луѓе на јавни места и брзо следење на контролата на ширење на заразата. Според властите, тоа ќе овозможи животот повторно да се врати во нормала кога ќе се укинат карантинските мерки на 19 април.
-
Мис Англија ја остави круната и како доктор застана во првите редови против вирусот
На Светскиот ден на здравјето што годинава им е посветен на здравствените работници, уште една убава приказна за почит го обиколи светот.
-
ФАБРИКИ ЌЕ РАБОТАТ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС со посебни дозволи за работниците
Производствените погони, фабрики и транспорт ќе продолжат да функционираат и во време на полицискиот час којшто од утре 8 април почнува од 16:00 часот и ќе трае до 5:00 часот следното утро секој работен ден, како и за време на викенд (од петок од 16:00 часот до понеделник до 5:00 часот).
-
ЈСП: Од утре автобусите по нов возен ред
Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека од утре, среда (8.04.2020 год) согласно одлуката на Владата за забрана за движење на сите граѓани од понеделник до петок од 16 до 5 часот наредниот ден, како и забраната за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник, ќе има измени во возниот ред на јавниот превоз, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.