Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Успешно заврши државниот карантин за првите 160 македонски граѓани
Лицата остануваат во домашен карантин уште 14 дена
-
Како вработените да останат мотивирани и продуктивни во овој период на криза?
Дали имате вие некоја ваква практика? Споделете ја со нас, а ние ќе направиме заедничка објава со предлог креативни начини за одржување на ангажираноста на вработените.
-
Регулаторна: Ако имате редовни примања, плаќајте сметки навреме
Сите граѓание кои ги задржаа своите редовни примања и покрај мерките за заштита од коронавирусот, навремено да ги подмират своите сметки, апелираше претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимовски.
-
Од еднаквоста ни трага ни глас: За 40 години жените заработуваат 80.000 долари помалку од мажите
Без оглед на позицијата и образованието, жените генерално заработуваат помалку од мажите, а поради пандемијата, јазот помеѓу половите може уште повеќе да се продлабочи...
-
Мало шпанско гратче ни одржа час по “одговорност” во време на криза: Немаат ниту еден заразен со Ковид-19
Градот Захара де ла Сиера во јужна Шпанија кој во историјата се покажал како да е создаден за одвраќање на непријателските напади, денес, благодарение на својата супериорна позиција високо над руралниот дел на Андалузија одеднаш стекна непроценлива вредност, пренесува Си-Ен-Ен.
-
Енормен раст на бројот на заразени во Шведска
Во Шведска, земја во која досега немаше толку рестриктивни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, ситуацијата стана драматична откако бројот на новозаразени нагло почна да расте.
-
Добри вести за сезонските работници во германија, важи и за македонците
Само една недела, откако беше донесена забрана за флуктуација на луѓе, германските власти сепак дозволија во земјата да дојдат 80.000 работници во овој сектор..
-
КУМАНОВО -ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ
Сите кои имаат потреба од излегување да се јават на 192, отворени и тел броеви во општината
-
Соопштение до сите невработени лица и оние кои останале без работа
Редовното пријавување на невработените лица на 30 дена односно 6 месеци (вклучувајќи ги и корисниците на паричен надоместок и корисниците на социјална парична помош) е запрено
-
Во САД за две недели 10 милиони луѓе останале без работа
Ситуацијата во САД, каде денес бројот на потврдени позитивн случаи на коронавирус ќе надмине 280.000, дополнително се комплицира со фактот дека 10 милиони луѓе ги загубија своите работни места само во последните две недели.