Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Не можат да постигнат – овој трговски ланец вработува 5.000 луѓе дневно
Американскиот трговски ланец Walmart соопшти дека вработува околу 5.000 луѓе дневно, обидувајќи се да се избори со зголемената побарувачка предизвикана од коронавирусот.
-
За секое домаќинство по 730 евра: Државјаните на Јужна Кореја ќе добијат помош од државата
Јужна Кореја најави дека на сите семејства, освен на најбогатите, итно на сметка ќе им префрли пари за полесно да се справуваат со кризата поради корона вирусот, а планира и уште едно дополнување на буџетот за да се ублажи притисокот врз стопанството.
-
Бил Гејтс со совет што треба да правите додека сте во карантин
За да се забави ширењето на коронавирусот, милиони луѓе ширум целиот свет практикуваат социјално дистанцирање и живот во затворен простор. Ако за време на вонредната состојба не сте на работа, а карантинот и пандемијата бараат од вас да бидете дома, Бил Гејтс ве советува да го искористите тоа време на конструктивен начин – да научите вештини за најплатената професија на светот!
-
Белорускиот претседател контра сите: Мораме да работиме, повеќе луѓе ќе умрат од глад отколку од коронавирусот
„Најголемиот проблем е економијата“, предупреди белорускиот претседател. „Мораме да работиме и да избегаме од оваа криза“.
-
All inclusive карантин – хотели во Хонг Конг започнаа нов тренд
Хотелите проценуваат дека оваа тактика може да биде успешна, бидејќи многумина што навистина би можеле да организираат сместување во карантин во нивните домови, не сакаат да го ризикуваат потенцијалното пренесување на инфекцијата на нивните семејства.
-
Кривична против Александар Вучиќ за непочитување на самоизолација
Против Српскиот претседетал е поднесена кривична пријава бидејки не самоизолирал по враќање од Унгарија
-
Со Viza можете да плакате до 2 500 денари без ставање на пин
Се е направено за побрзо и по безбедно плаќање
-
Експертите откриваат – еве како ќе изгледаат патувањата по пандемијата
Додека многу земји се соочуваат со зголемено ширење на коронавирусот, а големите туристички атракции остануваат целосно напуштени, новото истражување на Luggage hero сугерира дека светот на патувањето е сè уште жив, пишува Forbes.
-
Владата пресече: Минималец за вработените во приватниот сектор, нема кратење на платите во јавниот сектор, освен на функционерите
Техничкиот премиер го презентира вториот пакет мерки за надминување на, како што рече, здравствено-економската криза во земјата
-
Во февруари зголемен прометот во трговијата на мало
Зголемено купување на храна и пијалоци