Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Wizz Air автоматски ќе ги врaќа парите за откажаните летови
Wizz Air денес објави дека како резултат на значително поголемиот обем на откажани летови поради ограничувањата на патувања, наметнати како борба против ширењето на пандемијата COVID-19, го автоматизираше процесот на рефундација на афектираните клиенти со автоматско поставување на 120% од оригиналната цена во делот на WIZZ кредитите на сметките на своите клиенти.
-
Дали работите во “токсична“ средина?
Една третина од денот ни поминува на работа. Факт којшто само треба да ни покаже колку е важно како ги поминуваме тие часови и како тоа може да се одрази не само на професионалниот развој, туку и на квалитетот на приватниот живот.
-
Интервју за работа во време на пандемија
Епидемијата на коронавирусот во Кина се наоѓа во завршна фаза, додека во останатите делови од светот е штотуку почната. Иако ниту една земја не е подготвена за пандемија од овие размери, сепак постојат одредени активности кои можат да го спречат ширењето на вирусот. Една таква активност е овозможување разговорите за работа да се водат преку интернет, од дома.
-
Во Хрватска е можно воведување на скратена работна недела поради COVID-19
Додека светот се соочува со пандемија на коронавирусот и речиси и да не постои земја во која нема заразени, се повеќе држави преземаат мерки со цел да го спречат ширењето на новиот COVID-19. Од целосна забрана на јавни собири до прекин на наставата и затворање на граници, а во Хрватска дури се размислува и за скратување на работното време.
-
АВРСМ: Известување до сите невработени лица
Агенцијата за вработување на Република Македонија ги известува сите невработени лица да го одложат редовното пријавување во центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување, се до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата (24.03.2020 година), а истото ќе им биде оправдано од страна на Агенцијата за вработување.
-
Како да се подготвите за интервју на Скајп?
Иако интервјуто на Skype се одвива во вашиот дом, сепак треба да се сфати сериозно и да се третира како разговор лице во лице
-
Teleperformance отвора стотина работни места во Скопје
Најголемата светска компанија за кориснички услуги Teleperformance, започна со регрутирање на стотици отворени позиции во своите нови канцеларии во Скопје!
-
Нов раст на минималната плата, еве колку ќе изнесува од следниот месец
Пораст на минималната плата на 14.934 денари во нето износ или 21.776 денари во бруто износ предвидува членот 4 од Законот за минимална плата, пишува порталот Pravdiko.mk.
-
Viber воведе промени поради коронавирусот
Viber од денеска двојно го зголеми бројот на луѓе кои можат да остваруваат групни повици, поточно во еден групен повик истовремено можат да зборуваат 10 луѓе, пренесуваат светските медиуми.
-
Криза?! Volkswagen добро ќе ги „почести“ своите работници
Германскиот автомобилски гигант ја одреди сумата за годишни бонуси за своите вработени за сработеното во 2019 година