Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Италија ќе ги ослободи граѓаните од режиски трошоци, даноци и рати за кредит
Италијанската влада ќе го прошири пакетот мерки насочени кон ублажување на ефектите од епидемијата на коронавирусот врз економијата и општеството, најавувајќи суспензија на обврските за плаќање на режиски трошоци, даноци и рати за кредит
-
По еден родител на дете до 10-годишна возраст ќе биде ослободен од работа
Родителите на децата кои одат во градинка и на оние кои имаат до 10 години и одат на училиште не треба да паничат поради прекин на работата на градинките и основните училишта.
-
Apple ги повика вработените да работат од дома
Компанијата Apple ги повика вработените во своето седиште во Силиконската долина „од претпазливост“ да работат од дома за да се избегне ширење на коронавирусот.
-
Хакерите прво ги пробуваат овие лозинки: Користите ли некоја од нив?
Една компанија за сајбер безбедност има голем број на „мамци“, односно сервери кои се поставени во земји ширум светот со цел да откријат на кои начини хакерите се обидуваат да нападнат.
-
Маск свикал состанок во 1 часот наутро во недела и потоа вработил 252 луѓе
Елон Маск е познат по тоа што поставува тешки цели. Сепак, на крајот на февруари, се покажа дека шефот на Tesla и SpaceX им наредил на сите вработени во компанијата за вселенска технологија во една од фабриките да се состанат во еден часот наутро во недела.
-
Треба ли подигнувањето пари од банкомат да биде бесплатно?
Надоместок мора да се плати и при подигнување пари од банкомат во странство. Износот на тој надоместок се разликува, покажува истражувањето на Виенската комора, спроведено во септември и октомври минатата година
-
5 јасни знаци кои покажуваат дека сте ја избрале погрешната работа
Колку пати ви се има случено? На интервју договарате едно, за на крај да работите нешто сосема друго. Еве 5 знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали сте ја избрале погрешната работа.
-
Работа во Microsoft и без факултет, годишна плата до 130.000 долари
Директорите во Microsoft велат дека ваквата пракса им овозможува да дојдат до пошироката база на таленти и да изградат поразновидна работна сила во компанијата.
-
Поради коронавирусот интервјуата за работа во Google, LinkedIn, Facebook и Amazon ќе бидат виртуелни
Најголемите технолошки компании со мерки за претпазливост поради коронавирусот
-
Проверете дали вашата се наоѓа на листата: Ова се најбрзорастечките професии за 2020 година
На листата доминираат технолошките професии, инженерство, анализа на податоци и работи од STEM областа. Како што е познато, терминот STEM е составен од почетните букви од четири области – science, technology, engineering и mathematics, односно наука, технологија, инженеринг и математика.