Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Во овие земји скоро и да нема невработени
Невработеноста претставува сериозен проблем со којшто се соочуваат многу земји во светот. Меѓутоа, постојат држави во кои речиси и да нема невработени. Звучи убаво, нели?
-
За работна виза во Британија ќе се собираат поени
Од 1 јануари 2021 на сила ќе стапат нови правила за стекнување на работна виза во Велика Британија
-
Почина човекот кој го измисли "Copy - Paste"
Лари Теслер, ИТ експерт кој ги дизајнираше опциите cut, copy и paste на нашите компјутери, почина на 17 февруари на 74 годишна возраст
-
Флексибилен модел на работа – еден од бенефитите за вработените во А1 Македонија
Флексибилниот начин на работење кој досега беше тренд само во големите светски компании пристигна и во нашата земја, а А1 Македонија е прва голема компанија во Македонија која воведува ваков модел на работа!
-
5 работи што ви „ја убиваат“ концентрацијата
За да може да ги извршувате сите задачи во текот на денот, неопходно е да бидете фокусирани на она што го правите. Но, ако постојат работи што ви го одвлекуваат вниманието, на коишто непотребно или залудно го трошите времето, тогаш тие се сигурни “убијци“ на вашата концентрација.
-
Како полесно да напредувате на работа?
Се чувствувате како засекогаш да сте заробени во здодевната рутина од 08:00 до 16:00?
-
Опција што нема да им се допадне на сите: Еве како да сокриете дека сте прочитале порака на „WhatsApp“
Еден сив штиклиран знак значи дека пораката е пратена, два дека е примена, а ако покрај пораката стојат два сини штиклирани знака, значи дека е прочитана.
-
9 од 10 вработени во Финска, Данска и Шведска имаат службен телефон или лаптоп
Се повеќе фински, дански и шведски компании им купуваат службени уреди на своите вработени!
-
Ова се автомобилите на кои цената им паѓа после една година
Загубата на вредноста на секој автомобил зависи од многу фактори, но за најранливи со право се сметаат луксузните возила. Купувачите на такви возила располагаат со доволно средства за да не треба да се нервираат особено за вакви прашања и не се задоволуваат со претпоследниот модел.
-
HR Days 2020: Резервирајте место на најголемиот HR настан во регионот!
Бидете дел од најголемиот регионален собир за HR професионалци кој на 19-ти и 20-ти март ќе се одржи во Ровињ, Хрватска!