Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Што вели традицијата - лепче со паричка за Бадник или Василица?
Традиционално, во Македонија семејството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година.
-
Колкави се трошоците за живот во Германија?
Луѓето од Западен Балкан најчесто ја одбираат Германија како дестинација за подобар живот и подобра плата, но животот таму не е така евтин и покрај високите плати. Само за стан месечно се издвојува една третина од платата. Колкави се останатите трошоци.
-
Возење без пари: Во овие европски земји нема патарини
Сепак патарините не се болка за сите во Европа.
-
За сите што сакаат да работат во Германија: Земјата бележи рекордна стапка на вработеност
Стапката на вработеност достигна рекордно високо ниво минатата година во Германија, како резултат на зголемената имиграција на странски работници, соопшти Канцеларијата за статистика.
-
УЈП со важна информација за сите граѓани
Од УЈП ги информираат сите даночни обврзници (правни и физички лица) кои во претходната календарска година од вршење на оданочива стопанска дејност оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари дека имаат обврска да...
-
TOW#523 – Благодарност
За да бидеш среќен човек и да ја зрачиш таа среќа, таа позитивна енергија која пренесува насмевка на околината, една од клучните работи кои треба да ги направите за себе е да бидете БЛАГОДАРНИ!
-
Кои биле најчестите имиња во 2019 година
Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња во 2019 година кај новородените женски бебиња се Михаела, Јана и Катерина, додека кај машките деца најчести имиња се Михаил, Стефан, Калин и Муса.
-
УЈП: Завршува второто тримесечје од МојДДВ, еве кога може да очекувате исплата
Како што се наведува, исплатата за второто тримесечје ќе стартува во ...
-
Објавена уредбата за новиот данок: Еве за колку ќе поскапат новите возила во Македонија
Се укинуваат досегашните акцизи и истите се заменуваат со овој нов данок. Со оваа уредба, како и со критериумите утврдени во Законот за данок на моторни возила се очекуваат големи придобивки за целото општество преку намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, преку обнова на возниот парк со поттикнување на купување на поеколошки возила како резултат на намалување на данок на возила со голема економичност на гориво, како и набавка на хибридни и електрични возила со ниска или “0“ емисија на јаглерод диоксид – CO 2.
-
НОВО: Повеќе нема царина за малите пратки во вредност до 90 евра
Од 1 јануари 2020 година од царина се ослободени малите пратки во вредност до 90 евра, соопштија од Агенцијата за пошти.