Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Се отвора првиот Nutella хотел - Еве како ќе изгледаат собите
Во Калифорнија ќе се отвори Нутела Хотел и оваа вест израдува многу љубители на популарниот крем од лешник. Во јануари 2020 италијанскиот бренд ќе отвори поп-ап, односно привремен хотел во долината Напа во САД.
-
Објавена листа на топ 10 компании кои најмногу ги загадуваат океаните
Кој е одговорен што пластиката ги загадува океаните?
-
Познат износот на К-15 за 2019 година
Износот на К-15 секоја година се одредува во зависност од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните три месеци пред датумот на исплата.
-
Дали знаете за што служат црните точки на шофершајбната - ретко кој на нив обрнува внимание
Повеќето од вас сигурно сте забележале дека на горниот крај на шофершајбната на автомобилот постојат црни точки. Дали знате која е нивната функција и зошто се токму тука?
-
Истражување: Само еден процент од граѓаните можат да купат стан, 12 немаат ниту за храна
Само еден процент од граѓаните во земјава може да си дозволат да купат стан или викендичка, 57 отсто имаат доволно за храна и облека, 12 проценти немаат доволно средства ниту за храна, 44 проценти немаат средства за штедење.
-
Просечната плата скокна на 25.435 денари
Најголем раст бележат платите во секторите: транспорт и логистика, административни и помошни услужни дејнови и дејности на здравствена и социјална заштита.
-
Истражувањата покажаа: Автомобилите во оваа боја се најбезбедни во сообраќајот
Кога купувате автомобил, бојата обично е еден од последните фактори што ги земате предвид. Повеќето луѓе ќе се задоволат со која било боја, сѐ додека автомобилот ги има перформансите и цената која им одговара. Меѓутоа, истражувањата покажаа дека одредени бои и нијанси на возилото играат одредени улоги.
-
Како да се заштитите од штетните ефекти на сината светлина oд телефоните?
Заморни очи, претерана будност, замаглен вид, главоболки се само некои од симптомите кои ги чувствуваме кога подогло време гледаме во екран. Луѓето кои работат во канцеларија постојано гледаат во некаков вид на екран. Во текот на денот го користат и телефонот и компјутерот, а навечер со саати гледаат пак во таблетот или во телевизорот. Што можеме да направиме за да ги спречиме штетните последици на сината светлина од екраните?
-
Синдикатот потсетува: Затвор до една година за работодавачите кои ќе „забушаваат“ со исплата на К-15
Исплатата на регресот за годишен одмор или популарниот К-15 воспоставена со Општиот колективен договор (ОКД) за приватниот сектор од областа на стопанството е задолжителна за работниците и треба работодавачите да ја реализираат до крајот на годината, се посочува во денешното соопштение од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
-
Кријат страшна тајна: Еве зошто столчињата во автобусите се во шарени бои
70-тите одамна поминаа, но шарените столчиња по автобусите се уште ги има, но шала на страна, сигурно ве интересира зошто со таков материјал се направени столчињата во градскиот јавен превоз.