Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Дали треба да му кажете на вашиот шеф дека имате нова понуда за работа?
Можеби сте се запрашале дали треба да му кажете на вашиот шеф дека барате нова работа или дека веќе имате нова понуда за работа. Одговорот на тоа прашање зависи од односот со вашиот шеф.
-
Во Германија се зголемува трендот на работа од дома
Да се работи од дома или не – ова е дебата што се води во германското општество веќе две години откако стивна пандемијата на корона вирусот. Многу компании не планираат да ги отстранат „домашните канцеларии“.
-
Огласи за РАБОТА ВО СТРАНСТВО - платите се движат и до 3.000 евра!
Доколку моментално сте невработени, или размислувате да го промените работното место, денес е вистинскиот момент да направите нешто околу тоа! Доколку барате работа во странство, можете да ја најдете на нашата веб-страница.
-
„Подобро келнер во странство, отколку кондураџија дома“ – младите бегаат од занаетите
Во време кога младите сè повеќе се ориентираат кон занаетите во странство, занаетите во Македонија се соочуваат со недостиг на интерес.
-
НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ НА ДРУГО МЕСТО: Сараевскиот ќебап заштитен како автохтон бренд – следен е лебот
Сараевскиот ќебап отсега е заштитен како автохтон бренд и специјален босански производ, а наскоро ќе следи и процедурата за заштита на сараевскиот леб, потврди градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ.
-
Карпош и Центар малку ќе се одморат од градење згради – еве како реагираат жителите
Во сенка на сè почестите урбанистички промени кои го погодуваат градот, изјавата на министерот за транспорт и врски Александар Николоски резонира со силна одлучност: „Додека сум јас министер, згради нема да се градат во Карпош и во Центар“.
-
Во овие земји директорите остануваат најдолго на своите позиции
Една неодамнешна студија испитуваше кои градови и земји ширум светот имаат извршни директори со најдолг стаж.
-
Лекарите предупредуваат: Кафето и лековите не одат заедно
Можеби не сте го знаеле ова, но ако пиете терапија било кој вид, избегнувајте да ја пиете со првото утринско кафе.
-
Експертите тврдат: Доаѓањето рано на работа и останувањето доцна не е патот до развој на кариерата
Амбициозните работници на почетокот на нивните кариери добиваат многу совети за тоа како да напредуваат. Еден од вообичаените совети е да бидете меѓу првите што ќе пристигнете на работното место и последни што ќе го напуштат, за да им покажете на претпоставените дека сте посветени на работата.
-
Секој што ќе го остави ова на плажа ќе биде казнет со 250 евра: Проблемот што со години ги мачи туристите на Јадранот, во Шпанија брзо се реши
Шпанската полиција почна да им одзема столици, лежалки и чадори на туристите, кои понекогаш ги оставаат на плажа и пред зори за да „резервираат места“ за подоцна.