Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Баба и дедо произведуваат, внуците продаваат – јаболковиот оцет нуди одлична заработка
Во срцето на мариовскиот крај, каде што природата ја чува својата недопрена убавина, семејството Илиеви го негуваат традиционалното производство на природен јаболков оцет.
-
„Сркајте мед, а не шербет“ – пчеларите се жалат на нелојална конкуренција
Цените на природниот мед во Македонија варираат од година во година.
-
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука.
-
Користење клима без знаење на газдата 150 евра- приказни од одмор
Забегани изнајмувачи на соби
-
Глоба од 1.500 до 2.000 евра за непочитување – од денеска целосна забрана за движење во шумите
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност е издадена поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.
-
„Водовод“ со апел: Користете ја водата рационално и внимателно
Да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури.
-
Македонците земаат кредити за да летуваат во Египет, Тунис, Малдиви…
Сè повеќе Македонци последниве години летуваат на егзотични дестинации. Трендот да се оди на одмор во Египет, Тунис, Малдиви…, да се сликаат и да објавуваат слики на социјалните мрежи зема се поголем замав. Дел од Македонците можат да си го дозволат овој луксуз, но има и такви кој земаат кредити за да летуваат во некоја егзотична дестинација. Од туристичките агенции велат дека и покрај тоа дека цените се „солени“, има голем интерес за летување во Тунис, Хургада, Анталија, Бодрум….
-
Под клима на 26 степени и носете летна облека дома и на работа
Иако е спасот поради горештините кои владеат во Македонија, климата е еден од најголемите потрошувачи на електрична енергија во домаќинството. Климата за еден месец може да потроши околу 300-400 киловати, што преведено во пари значи дека за четиричлено домаќинство во стан од околу 40 квадратни метри може да биде од 1.800 до 3.500 денари.
-
Одгледувањето маслинки е супер бизнис во Македонија – колку се заработува?
Во последните години Македонија сведочи на зголемен интерес за агробизнис, особено во одгледувањето маслинки.
-
Најдолго се престојува во приватни соби, кај хотелите омилени се оние со четири ѕвезди – туристите се враќаат, ќе успееме ла да привлечеме повеќе
Бројот на туристи речиси се дуплирал за период од десет години, покажува анализата на Државниот завод за статистика.