Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Куќна слава во ресторан – што губиме со новиот тренд?
Куќните слави, длабоко вкоренети во македонската традиција, отсекогаш биле денови за собирање на семејството и најблиските пријатели во домашна атмосфера.
-
Фондацијата „Трајче Мукаетов"- Скопје додели 40 нови стипендии за учебната 2024/25 година
Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација ја објавува конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2024/2025година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје.
-
УНЕСКО го призна јапонскиот процес на подготовка на саке како нематеријално културно наследство
Јапонскиот древен процес на подготовка на пијалакот саке беше признат од УНЕСКО во средата како „нематеријално културно наследство“, за што производителите се надеваат дека ќе го зајакне глобалниот интерес за традиционалното оризово вино
-
Мерката новогодишна кошничка ќе опфаќа над 600 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари
Новогодишната кошничка ќе опфаќа повеќе од 600 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Со неа се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти.
-
Биткоинот надмина 100.000 долари за прв пат во историјата
Цената на биткоинот ја надмина границата од 100.000 долари за прв пат, достигнувајќи ново рекордно високо ниво. Вредноста на најпознатата криптовалута во светот порасна поради растечките надежи дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе усвои низа политики кои ги поддржуваат криптовалутите.
-
Италија воведува забрана за кутиите со клучеви: Нови правила за изнајмување преку Airbnb и Booking
Италијанската влада воведе забрана за системот „самопријавување“ (self check-in), наведувајќи „ризици за јавниот ред и безбедност“. Тоа значи дека гостите кои престојуваат во изнајмени сместајни единици во Италија, преку платформите Airbnb или Booking, сега мора лично да бидат дочекаани од страна на сопствениците.
-
Balenciaga дизајнираше „Zero“ чевли кои чинат 450 долари
Balenciaga Zero ќе биде дел од есенската колекција на Balenciaga за 2025 година, со преднарачки достапни уште сега за оние кои имаат соработка со овој луксузен моден бренд. Малопродажната цена се очекува да биде околу 450 долари.
-
Недостиг на кадар: Како европската ветерна индустрија ќе пополни 200.000 нови позиции?
Во следните шест години на европската ветерна индустрија ќе и бидат потребни повеќе од 200.000 нови работници, проценува организацијата „ВиндЕвропа“. Според проекциите, европската ветерна индустрија ќе го зголеми бројот на вработени од сегашните 370.000 на 600.000 до 2030 година.
-
Како до покачување на платата: Клучни совети за успешно преговарање
Прашањето за платата често се наметнува како една од темите кои тајно нè загрижуваат, но за кои ретко отворено зборуваме. Затоа, ви претставуваме 5 совети како да пристапите кон разговор за покачување на платата.
-
Без струја неколку улици во општините Карпош и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од неколку улици во општините Карпош и Сопиште.