Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Што троши повеќе струја – клима, термо-печка или греалка?
Со почетокот на грејната сезона, многу домаќинства се соочуваат со проблеми поврзани со недоволно затоплување од централното парно. Ова ги принудува граѓаните да бараат алтернативни начини за дополнително греење, кое често се одвива преку електрични уреди.
-
Што им е најважно на Македонците при избор на работодавач? - резултати од големото Регионално истражување на пазарот на трудот
Македонците сè помалку заинтересирани за државна работа
-
Просечната цена на дом во Дубаи сега е 1 милион долари
Цените на домовите во Дубаи најверојатно ќе продолжат да растат следната година, откако веќе се зголемија за 20% во 2024-та година, продолжувајќи го стабилното закрепнување што започна по пандемијата, напиша консултантската компанија „Knight Frank“, цитирана од „Bloomberg“.
-
Какво време ќе имаме за продолжениот викенд?
Во четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во западните делови од снег и ќе се зголеми снежната покривка.
-
Уште еден удар по џебот на туристите! Грција воведува нови мерки и даноци, вака ќе изгледа летувањето во иднина
Туристите кои планираат да ја посетат Грција, од следната летна сезона очекуваат бројни промени.
-
Пренатрупани фризерници за миленици – зошто е толку тешко да се закаже термин?
Сопствениците на кучиња во Скопје се соочуваат со неочекуван проблем – речиси е невозможно да се закаже термин за шишање и одржување на хигиената на нивните домашни миленици.
-
Дајте ни 1500 евра, сите ќе работиме во Македонија
Во време кога животните трошоци постојано растат, прашањето за достоинствени плати во Македонија станува сè поактуелно. Колку навистина треба да изнесува платата за еден работник да има квалитетен и достоинствен живот?
-
На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство
Според една студија, Германија може да го одржи својот просперитет само со помош на имиграцијата. Во спротивно, на пазарот на трудот му се заканува голем пад. Во наредните години годишно ќе бидат потребни околу 288.000 странски работници.
-
УДАР ЗА ВОЗАЧИТЕ - Aвтомобилските гуми драстично поскапуваат
Возачите веќе ги чувствуваат последиците од еколошките размислувања од Брисел.
-
Во мобилната телефонија 1.919.695 претплатници, 449.868 фиксни линии
Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1.919.695, од кои од резиденцијалните 679.245 се при-пеид претплатници, а 992.157 пост-пеид. Бројот на деловни пост-пеид претплатници изнесува 248.293. Реализирани се 1.409.062.356 минути разговор.