Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Дајте ни 1500 евра, сите ќе работиме во Македонија
Во време кога животните трошоци постојано растат, прашањето за достоинствени плати во Македонија станува сè поактуелно. Колку навистина треба да изнесува платата за еден работник да има квалитетен и достоинствен живот?
-
На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство
Според една студија, Германија може да го одржи својот просперитет само со помош на имиграцијата. Во спротивно, на пазарот на трудот му се заканува голем пад. Во наредните години годишно ќе бидат потребни околу 288.000 странски работници.
-
УДАР ЗА ВОЗАЧИТЕ - Aвтомобилските гуми драстично поскапуваат
Возачите веќе ги чувствуваат последиците од еколошките размислувања од Брисел.
-
Во мобилната телефонија 1.919.695 претплатници, 449.868 фиксни линии
Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1.919.695, од кои од резиденцијалните 679.245 се при-пеид претплатници, а 992.157 пост-пеид. Бројот на деловни пост-пеид претплатници изнесува 248.293. Реализирани се 1.409.062.356 минути разговор.
-
Зголемете ги своите приходи – можности за работа со скратено време
Во време на економска нестабилност, сè повеќе граѓани во Македонија бараат начини да ги зголемат своите приходи.
-
Ако се пензионираме на 67, Македонците ќе бидат најстари работници: Каква е ситуацијата во регионот?
Предлогот на фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање ја разбранува јавноста, која и онака негодуваше за досегашната старосна граница. Според нивнот нов предлог, македонските граѓани, од 2026 година, би требало да се пензионираат на 67 години и за мажи и за жени.
-
„Изиџет“ од пролет воведува линија од Скопје до аеродромот „Орли“ во Париз
Нискобуџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз.
-
Хипербарна комора: За менаџерите да го покажат својот полн капацитет
Достапна е и во Скопје: Хипербаричната оксигенација помага во намалување на нивото на стрес и анксиозност, што е од големо значење за менаџерите кои носат важни деловни одлуки.
-
Со ски карта за Маврово, бесплатно скијање на Копаоник, Златибор и Стара Планина
Скијачките центри на Македонија, потпишаа договор со Ски центарот Маврово, врз основа на кој скијачите од Македонија и Србија ќе можат бесплатно да скијаат со ски карта што е купена во Македонија или во Србија.
-
Дали новата ЕУ уредба ќе ги поскапи автомобилските гуми?
Најновата регулатива, која има за цел да го спречи уништувањето на шумите во Азија, предвидува ограничувања на производството на производи поврзани со уништувањето на шумите, вклучително и гумата, клучната суровина за автомобилски гуми.