Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Македонските плати заостануваат во однос на тие во регионот
Граѓаните се разочарани од фактот дека македонската минимална и просечна плата се најниски на просторот на поранешна Југославија. И Босна ја зголеми минималната плата на 600 евра, а кај нас е неизвесно дали идната година ќе имаме минималец од 450 евра.
-
Од Скопје до Париз: „Изиџет“ од пролет ја враќа линијата до аеродромот „Орли“
Нискобуџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз.
-
Не не слушаат само на телефон: За овие „шпиони“ по дома не ни помислувате, еве кои уреди можат да бидат мета
Секојдневните уреди како што се паметните звучници, камерите на вратите, телевизори, па дури и машините за перење, ги шпионираат семејствата, покажа едно истражување. Истражувањето објавено од веб-страницата „Which“ покажа дека компаниите собираат многу повеќе податоци отколку што е потребно за да функционира еден производ. Утврдено е дека стандардните уреди за домаќинство собираат и споделуваат приватни информации со големите технолошки компании, како што се Google, Amazon, Facebook и TikTok.
-
Дали возачите на поголеми автомобили треба да плаќаат поскап паркинг?
Сè почесто се отвора прашањето дали сопствениците на големи SUV возила треба да плаќаат поскап паркинг.
-
Скокна дневницата на Дедо Мраз – оваа година изнесува 2.500 денари
Со приближувањето на новогодишните празници, зголемената побарувачка за лица кои сакаат да ја преземат улогата на Дедо Мраз донесе и значително повисока дневница.
-
Македонските туристи бараат нови дестинации, Бугарија губи посетители
Политичките односи помеѓу Македонија и Бугарија значително влијаат врз изборот на дестинации за одмор на македонските граѓани.
-
Дали ЕУ ќе успее да го забрани пушењето на отворено?
Членките на ЕУ би можеле да ги заострат правилата против пушење и да ја поддржат забраната за пушење и „вејпање“ на некои отворени простори како што се игралишта, плажи, базени и тераси во кафулињата.
-
До крајот на годината треба да се заменат возачките дозволи
До 31 декември трае рокот до кога треба да се заменат возачките дозволи со старото уставно име на државата, потсетуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
-
Викендов повторно отворање на катедралата Нотр Дам – церемонијата ќе ја обезбедуваат 6.000 полицајци
Шест илјади полицајци и жандарми ќе бидат распоредени за обезбедување на церемонијата на повторното отворање на катедралата Нотр Дам во Париз, соопштија властите на француската престолнина
-
Табличките на службените возила стануваат црвени – ќе бидат лесно препознатливи
Регистарските таблички на службените возила на Владата и на министерствата ќе бидат со црвена боја, а бројките и буквите на регистрацијата ќе биде со жолта боја.