Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Дали и колку ќе поскапи струјата, се одлучува денеска!
Регулаторна комисија за енергетика утре ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).
-
Компаниите имаат обврска да исплатат К-15 до крајот на годината: Колкава ќе биде исплатата за вработените?
Регрес за годишен одмор годинава ќе добијат сите, и работниците во приватниот и во јавниот сектор. Над 84 илјади вработени во администрацијата ќе добијат по 11 илјади денари К-15. За вработените во приватниот сектор, К-15 годинава ќе биде околу 16.800 денари, односно 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци.
-
Утрово најмногу снег во Маврови Анови 61 сантиметар, најниска температура на Попова Шапка -3 степени
Најмногу снег наврна во Маврови Анови 61 сантиметар, на Попова Шапка 48, во Крушево 35, во Лазарополе 21, во Дебар пет сантиметри, во Претор четири и во Берово три сантиметри.
-
Огревното дрво губи на популарност
Оваа грејна сезона се чини дека дрвата за огрев не се првиот избор на граѓаните за загревање на домовите.
-
Скопје како најевтина алтернативна дестинација во Европа
Скопје се најде на врвот на листата објавена од „Express“ како најевтина алтернатива дестинација за посета во 2025 година.
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
Од Нова Година граѓаните ќе доживеат вистински ценовен шок за многу производи, особено за оние со кои се тргува берза. Кондиторските производи, особено чоколадото ќе станат вистински луксуз. Поради енормно високите цени на какаото на берзите прехрамбената индустрија во целиот свет, па и кај 2025 година ќе ја започне со драстично зголемени цени.
-
ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари
За многумина, празничната сезона е и време за одмор и патување, па затоа пазарите за одмор се чест избор, а некои ја избираат својата дестинација врз основа на цената.
-
Секој трет возач на електрични автомобили вели дека би се вратил на бензин или дизел
Најголем процент на незадоволство има во големите земји со огромни, ретко населени области
-
ПОСКАПУВААТ И АВИОНСКИТЕ БИЛЕТИ: Компаниите се револтирани, но мораат да платат милиони поради новото барање
Шефот на easyJet ги критикуваше казните што му беа изречени на него и на другите нискобуџетни авиокомпании за дополнително наплаќање за рачен багаж и резервации на седишта како незаконски и предупреди дека одлуката само ќе го поскапи начинот на транспорт.
-
Приватните превозници од денес се враќаат на улиците
Приватните превозници се откажаа од блокадите и од денес се враќаат на улиците, откако на вчерашната координативна средба во Град Скопје е постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по извозен километар.