Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Крадците не спијат за празниците – како да го направите домот побезбеден
Со приближувањето на празниците, многумина од нас планираат патувања, оставајќи ги своите домови празни.
-
Меѓународната организација на трудот: Се очекува најсилен раст на платите во повеќе од 15 години
Реалните плати ќе се зголемат во 2024 година со големи разлики и континуирана нееднаквост, предупреди Меѓународната организација на трудот (МОТ) во годишниот извештај. Лани реалните плати се зголемени за 1,8 отсто, а во 2024 година нивниот раст треба да се забрза до 2,7 отсто.
-
ДЗС: Слободни 10 илјади работни места, најмногу во услужните дејности
Државниот завод за статистика објави дека во третиот квартал годинава во државава имало 10,010 слободни работни места, а најголем број односно 1,950 во услужните дејности и продажба.
-
13 години HR Days: Осврт на конференцијата што ги менува правилата на играта
Секој што работи во секторот за човечки ресурси знае колку е предизвикувачка оваа професија, но HR Days конференцијата веќе со децении докажува дека може да биде и неверојатно забавна.
-
До крајот на месецов мора да биде исплатен К-15, еве колку пари треба да легнат на вашите сметки
Работниците во приватниот и јавниот сектор годинава треба да добијат регрес за годишен одмор. За вработените во приватниот минималната сума што треба да биде исплатена изнесува 16.800 денари, односно 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци, додека за вработените во државниот сектор сумата е нешто помала и изнесува 11.000 денари.
-
Дали 67 години ќе биде новиот возрасен праг за пенизонирање за мажи и жени?
Од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензиско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 проценти, препорачува Фискалниот совет како предлог на Фискалната стратегија 2025-2029 година.
-
Цената на струјата за домаќинствата нема да се зголеми повеќе од еден отсто, дополнителна евтина тарифа нема да има
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, не очекува просечната цена на струјата за домаќинствата да се зголеми за повеќе од еден процент, почнувајќи од 1 јануари идната година.
-
Нови цени на горивата од полноќ: Намалување на бензините и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,72 % во однос на одлуката од 25.11.2024 година.
-
МВР објави оглас за вработување на над 100 лица
Министерството за внатрешни работи отвори оглас за прием на 101 извршител за работа на неопределено време. Како што е наведено во огласот се бараат:
-
Дали и колку ќе поскапи струјата, се одлучува денеска!
Регулаторна комисија за енергетика утре ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).