Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Скопје утрово меѓу најзагадените градови во светот – Градот се бори да дише
Од Заводот за јавно здравство на Кантонот Сараево испратија препораки за носење специјални маски за лице со заштитни респираторни филтри. Во Скопје се уште нема ниту препораки за граѓаните, ниту пак конкретни мерки против загадувањето.
-
Внимавајте: Измамници под маска на Македонска Пошта испраќаат „СМС“ со цел да извлечат пари
Измамници под маска на Македонска Пошта испраќаат „СМС“ пораки со цел да извлечат пари.
-
Цената на какаото достигна нов рекорд, дали чоколадото ќе стане луксуз?
Цените на фјучерсите на какаото во Њујорк достигнаа нов рекорд, надминувајќи 12.000 долари за тон, во услови на зголемена загриженост поради намаленото производство во Брегот на Слоновата Коска, најголемиот светски производител.
-
Дубаи чоколадото ја освојува Европа: Цена од 300 евра на црниот пазар
Лудоста за Дубаи чоколадото расте, а шверцерите се преоптоварени, додека во Македонија слаткарниците започнаа со производство и го продаваат по високи цени.
-
Пушачите си ги „горат“ парите: Што би можеле да направат со финансиите кои ги трошат?
Според истражувањето на Аналитика тинк тенк, просечниот пушач во Македонија троши помеѓу 5.000 и 6.000 денари месечно, што на годишно ниво достигнува високи суми. Овие трошоци, како што покажува анализата, претставуваат значителен економски товар. Ако тие пари се пренасочат на попаметен начин, пушачите може да го подобрат својот животен стандард и да придонесат за своето здравје и иднина.
-
Граѓаните масовно купуваат вода: Полиците се испразнија низ маркетите во Скопје
Во маркетите и продавниците се бара шише плус, а рафтовите некаде се целосно испразнети а некаде едвај може да се најде по некое останато шише.
-
Исланд е најдобра земја за живеење на жените
Исланд речиси 2 децении доминира на рангирањата, како најдобра земја за живеење на жените.
-
Од 1 јануари струјата минимално ќе поскапи
Од 1 јануари во просек сметките за струја за домаќинствата во Македонија со просечна потрошувачка од прв, втор и трет блок ќе се зголемат за 0,92 проценти. Во првиот блок струјата ќе поскапи за 0,68%, за корисниците од вториот блок за 0, 90%, за третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од чествртиот блок за 2,24 проценти.
-
Цената на струјата од јануари ќе се зголеми за помалку од 1 отсто
Од јануари 2025 година просечната цена на електричната енергија на домаќинствата ќе се зголеми за 0,92 проценти.
-
Неделен пресек на огласите: Работни места со плата над 40.000 денари
Оваа недела, ги издвојуваме најатрактивните работни места со плата над 40.000 денари. Ако барате нова работа со конкурентни услови, не пропуштајте ја оваа можност за да аплицирате!