Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Скокна дневницата на Дедо Мраз – оваа година изнесува 2.500 денари
Со приближувањето на новогодишните празници, зголемената побарувачка за лица кои сакаат да ја преземат улогата на Дедо Мраз донесе и значително повисока дневница.
-
Македонските туристи бараат нови дестинации, Бугарија губи посетители
Политичките односи помеѓу Македонија и Бугарија значително влијаат врз изборот на дестинации за одмор на македонските граѓани.
-
Дали ЕУ ќе успее да го забрани пушењето на отворено?
Членките на ЕУ би можеле да ги заострат правилата против пушење и да ја поддржат забраната за пушење и „вејпање“ на некои отворени простори како што се игралишта, плажи, базени и тераси во кафулињата.
-
До крајот на годината треба да се заменат возачките дозволи
До 31 декември трае рокот до кога треба да се заменат возачките дозволи со старото уставно име на државата, потсетуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
-
Викендов повторно отворање на катедралата Нотр Дам – церемонијата ќе ја обезбедуваат 6.000 полицајци
Шест илјади полицајци и жандарми ќе бидат распоредени за обезбедување на церемонијата на повторното отворање на катедралата Нотр Дам во Париз, соопштија властите на француската престолнина
-
Табличките на службените возила стануваат црвени – ќе бидат лесно препознатливи
Регистарските таблички на службените возила на Владата и на министерствата ќе бидат со црвена боја, а бројките и буквите на регистрацијата ќе биде со жолта боја.
-
РАБОТНИЦИТЕ НА ФОЛКСВАГЕН ПОЧНУВААТ ШТРАЈКОВИ, бараат заштита на работните места и помали бонуси за директорите
Работниците во сите фабрики на Фолксваген во Германија во понеделник стапуваат во штрајк. Синдикатот ИГ Метал повика на широки штрајкови на работниците во сите фабрики на Фолксваген во Германија откако преговорите за претстојните кратења на работните места пропаднаа минатата недела.
-
Во стопанството има 10 илјади слободни работни места!
Стопанството кубури со кадар. Уште еднаш оваа констатација ја потврдуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Во моментов на пазарот на труд недостасуваат над 10 илјади работници. Податоците на статистичарите покажуваат дека најмногу работници се потребни во услужните дејности. Во меѓувреме во Агенцијата за вработување веќе се распишани 7 300 огласи за вработување на нов кадар во компаниите.
-
Што се KPI (Key Performance Indicators)?
KPI (Key Performance Indicator) е мерлива вредност која прикажува колку ефективно и ефикасно една компанија ги исполнува своите поставени цели. Организациите најчесто користат KPI кои се поставени на неколку различни нивоа за следење на исполнувањето на целите по одредени сектори.
-
Еве колку чини возење во новото метро во солун: Aрхеолошка изложба за смешна цена
Новото метро, чија прва изградба започна пред околу 38 години, официјално беше отворено во Солун, вториот по големина град во Грција.