Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Исланд е најдобра земја за живеење на жените
Исланд речиси 2 децении доминира на рангирањата, како најдобра земја за живеење на жените.
-
Од 1 јануари струјата минимално ќе поскапи
Од 1 јануари во просек сметките за струја за домаќинствата во Македонија со просечна потрошувачка од прв, втор и трет блок ќе се зголемат за 0,92 проценти. Во првиот блок струјата ќе поскапи за 0,68%, за корисниците од вториот блок за 0, 90%, за третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од чествртиот блок за 2,24 проценти.
-
Цената на струјата од јануари ќе се зголеми за помалку од 1 отсто
Од јануари 2025 година просечната цена на електричната енергија на домаќинствата ќе се зголеми за 0,92 проценти.
-
Неделен пресек на огласите: Работни места со плата над 40.000 денари
Оваа недела, ги издвојуваме најатрактивните работни места со плата над 40.000 денари. Ако барате нова работа со конкурентни услови, не пропуштајте ја оваа можност за да аплицирате!
-
Градскиот превоз во Белград од 1 јануари станува БЕСПЛАТЕН
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска најави дека јавниот градски превоз од 1 јануари 2025 година ќе биде бесплатен за сите граѓани на Белград.
-
Отворена најстрмната ЖИЧАРНИЦА во светот која води до ротирачкиот ресторан на Џејмс Бонд
Најстрмната жичарница во светот е штотуку отворена во Бернските Алпи во Швајцарија. Поврзувајќи го селото Штехелберг во долината со местото Мирен, жичарницата има наклон од 159,4 проценти.
-
ЗИМАТА Е ПЕРИОД СО ГОЛЕМ БРОЈ СЛАВИ: Како се славело некогаш, а како денес?
Верниците ги прават последните подготовки за одбележување на Свети Никола, но и самото славење низ годините претрпело некои промени.
-
Поларен бран пристигнува кон земјава, еве кога се очекуваат врнежи од снег
Под влијание на нов ладен и влажен воздушен бран од север, поврзан со циклонската активност која ќе биде со центар над Средоземјето, во петок попладне и навечер најпрвин врнежите ќе бидат од дожд и локално ќе бидат пообилни, особено во сабота, прогнозира метеорологот Славчо Попоски.
-
Лоши вести за астронаутите заглавени во вселената повеќе од 100 дена: Што се случува со нивното здравје?
Плановите за спасувачката мисија за двајцата астронаути на НАСА, Буч Вилмор (61) и Сунита Вилијамс (58), кои повеќе од 100 дена се „заробени“ во вселената, повторно се одложени. Нивното враќање, првично планирано за февруари, сега е поместено најрано за март.
-
УЈП со важно известување: Ако издавате имот за краток престој, доходот мора да пријавите
Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток престој (не подолг од 31 ден во месецот), особено за време на претстојните празници, имаат обврска преку системот „е-Даночни услуги “, да го пријават доходот остварен од издавање на имотот. Ова се однесува и на издавање преку платформи како AirBnb, Booking.com, Facebook, Кајак и други.