Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Денес дел од неколку скопски населби без струја и вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат дел од општина Гази Баба и општина Чаир.
-
Граѓаните на петтото бесконтактно плаќање со картичка, ќе мора да внесат пин код
Граѓаните да внимаваат и да бројат до 5. Можат со картичка бесконтактно да платат 4 пати, на петтото плаќање ќе мора да внесат пин код. Истото ќе се случи и ако претходно испазариле сума над 9.000 денари. Станува збор за новина која функционира од октомври годинава.
-
Облеката од Тему, Шеин и АлиЕкспрес, полна со токсични материи
Некои детски алишта од Тему содржеле до 622 пати повеќе отровни материи од дозволената граница, објави владата во Сеул.
-
Во новогодишната кошница ќе има околу 600 поевтини производи
Министерот за економија и труд, сè уште не ја открива содржината на новогодишната кошница, но вели дека интензивно преговараат со трговците, производителите, добавувачите, коморите и Организацијата на потрошувачите.
-
Повторно проблеми за скопјани, од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат
Нема крај на проблемите на скопјани со јавниот превоз. Од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат по градските улици. Илир Исени од Советот на приватни превозници, најави дека од денеска целосно ќе престанат да сообраќаат приватните автобуси, пренесува ТВ21.
-
Без визи кон Обединетите Арапски Емирати?!
Македонските граѓани кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати од сега нема да мора да ги заменуваат своите возачки дозволи со локални да плаќаат по неколку илјади долари за дополнително полагање.
-
Австралија на чекор до првата забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години
Долниот дом на австралискиот парламент со големо мнозинство гласаше за значајна легислатива со која им се забранува на децата под 16 години да користат социјални мрежи. Ако забраната стане закон, социјалните мрежи ќе имаат една година да размислуваат како да се придржуваат до наредбата.
-
Вештачката интелигенција помага да се предвидат идни планови
Со оглед на тоа колку климата се промени во последните години, методот развиен од научниците од МИТ би можел да биде многу корисен. Имено, тие развија метод кој генерира сателитски снимки кои покажуваат како би изгледала областа по потенцијална поплава.
-
Селото на Дедо Мраз во Лапонија годинава без снег
Во овој период од годината, градот Рованиеми во финската провинција Лапонија, кој туристичките власти го рекламираа како вистински дом на Дедо Мраз од 1980-тите, треба да биде бело. Но, неодамна врнеше само дожд, а температурата беше дури два степени.
-
Од Македонија до Малта – што ги тера младите да ја напуштат татковината?
Иселувањето на младите од Македонија е еден од најголемите општествени предизвици во последните децении.