Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Starbucks го зголемува платеното родителско отсуство за своите вработени
Starbucks објави дека го зголемува платеното родителско отсуство од шест недели на 18 недели, како дел од својата нова иницијатива. Ова проширено родителско отсуство ќе биде достапно за работниците кои работат повеќе од 20 часа неделно.
-
Во Милано пушењето на јавни места ќе биде забрането од 1 јануари 2025 година
Во Милано, вториот по големина град во Италија, од Нова година ќе биде забрането пушење на отворено.
-
Лажни работни понуди за странство – 5 сигнали кои не смеете да ги игнорирате
Во последниве години, потрагата по работа во странство стана тренд за многу луѓе кои бараат подобри животни услови, поголеми приходи или нови професионални предизвици.
-
Живот со семејство на странски дипломат – искуствата на една дадилка од Скопје
Сѐ повеќе млади жени во Македонија се одлучуваат за професијата дадилка, која станува не само популарна, туку и прилично добро платена.
-
Пораснаа платите во Еврозоната
Платите во еврозоната забележаа годишен раст од 4,4% во третиот квартал од 2024 година, што претставува забавување во споредба со 4,9% во вториот квартал, објави Евростат.
-
Во оваа земја камерите со вештачка интелигенција ги препознаваат пијаните возачи
Вештачката интелигенција станува нова алатка во борбата против возењето под дејство на алкохол или дрога. Во Велика Британија започна пилот-проект кој користи камери со вештачка интелигенција, првично создадени за откривање на возачи кои користат мобилни телефони или не носат појас. Овој нов систем е насочен кон препознавање на возачи кои можеби се под влијание на алкохол и дрога, со цел да се упатат полициските ресурси кон точните локации
-
Кој дише најчист воздух? Само седум земји ги исполнуваат стандардите на СЗО
Научниците предупредуваат дека загадувањето на воздухот претставува сериозна глобална здравствена закана. Во 2023 година, само седум земји постигнале безбедно ниво на квалитет на воздухот, според извештајот на швајцарската компанија за мониторинг на воздухот IQAir. Oвој извештај, базиран на податоци од над 30.000 мониторинг станици во 134 држави, покажува дека 124 земји ги надминуваат безбедните граници за PM2.5 честички, дефинирани од Светската здравствена организација (СЗО).
-
Од 2025, Флорида со закон ќе им забрани на децата пристап до социјалните медиуми
Девет нови закони ќе стапат на сила во Флорида на 1 јануари 2025 година, вклучително и ограничувања за децата на социјалните мрежи и закон со кој се забранува вознемирување на службите за итни случаи. Предлог-законот 3, усвоен од законодавниот дом на државата Флорида и потпишан од гувернерот Рон ДеСантис уште во март годинава, им забранува на децата под 13 години да имаат профили на социјалните мрежи и бара согласност од родителите за 14 и 15-годишници.
-
Како да го намалите трошокот за греење во зима?
Со доаѓањето на зимските месеци и падот на температурите, многу граѓани се соочуваат со прашањето: дали да го остават греењето да работи постојано или да го користат само по потреба? Оваа дилема не е само прашање на комфор, туку и на ефикасност, заштеда на енергија и намалување на трошоците.
-
Во сабота вода ќе има само во делови од Ѓорче и Сарај, Гази Баба, Чаир и Бутел
Додека Гази Баба, Општина Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарската улица до американската Амбасада, Визбегово, Бардовци, Автокоманда (високата зона), Ѓорче Петров од „СП Планет“ до Сарај, Сарај, Маџари и Сингелиќ ќе имаат вода. Од претпријатието не знаеја да кажат колку часа ќе трае интервенцијата