Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Зошто земјотресот во Турција беше толку смртоносен и што го предизвика?
Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во понеделникот ја погоди југоисточна Турција во близина на границата со Сирија.
-
Кои се најголемите македонски банки? Располагаат со 6,3 милијарди евра вредна актива!
Секоја од трите најголеми банки во 2022 година, во просек, во македонската економија вбризгале по 100 милиони евра кредити, а вкупно нивните кредитни пласмани надминуваат 3,5 милијарди евра. И кај трите најголеми банки видлив е трендот на намалено вложување во државни обврзници
-
Уште еден американски технолошки гигант најави откази
Американскиот производител на персонални компјутери Dell Technologies во понеделник објави дека ќе укине 6.650 работни места поради послабата потрошувачка на граѓаните и компаниите во услови на висока инфлација и повисоки трошоци за задолжување.
-
Голем одлив на лекари во странство: Од 7.400 спаднавме на 5.400
Одливот на лекарите во странство е многу голем. Ако пред 10 години во Македонското лекарско друштво имавме 7.400 лекари, денес сме 5.400, рече проф д-р Горан Димитров претседател на најстарата професионална организација на денешната трибина во Европска куќа во Скопје.
-
„Луфтханза“ ќе лета до Скопје, а откажува други планирани летови
Германскиот авиопревозник „Луфтханза“, кој е во трка со „Виз ер“, и „Егеан“ за добивање на субвенција од македонската Влада за отворање нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, го одложува планираниот раст на летови од Минхен кон авиопристаништата на главните градови на поранешните ЈУ републики (Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, како и Дубровник).
-
Србија сруши Гинисов рекорд – На едно место собрани 256 луѓе со исто име и презиме
Србија сруши Гинисов рекорд откако на едно место се собраа 256 лица со исто име и презиме – Милица Јовановиќ.
-
До средината на март ќе бидат затворени сите поголеми хотели на охридско-струшкото крајбрежје
Поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се затворени. Дел од вработнете во туристичкиот сектор користат годишен одмор, а останатите седат дома и примаат 70 проценти плата, потврди претстедателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески.
-
Дали е рекорд: За еден ден казнети 727 возачи
Полицијата континуирано спроведува контроли во сообраќајот, но и покрај тоа возачите се уште се многу опуштени. Стискаат на педалот за гаста, а тоа носи казна.
-
Големо намалување на цените на горивата – ова се новите цени
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67% во однос на одлуката од 3.2.2023 година.
-
Земјоделците да не стравуваат од евентуални штети поради ниските температури, велат агрометеоролозите
Врнежите од дожд и формирањето снежна покривка на повисоките места мината недела, позитивно ќе влијаат на есенските посеви зашто количеството воден талог ќе обезбеди добра залиха на влага за идниот вегeтациски период, велат агрометеоролозите од УХМР.