Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Без јануарска плата остана и Пендаровски и вработените од неговиот кабинет
Потврдуваме дека платата за месец јануари 2023 година не е исплатена за вработените во Кабинетот и за претседателот на Република Северна Македонија.
-
Ферари ќе ги почести вработените со рекорден бонус од 13.500 евра
Ако веќе не сте во финансиска состојба да си дозволите Ферари, работата за компанијата Маранело може дури и да ви го овозможи тоа. Заедно со високите плати, работниците на италијанската компанија добија и бонуси за успешната 2022 година, а околу 5.000 вработени не го криеја своето воодушевување.
-
Oсвен роднини и пријатели, што друго од Македонија им недостига на нашинците кои се во странство?
Голем е бројот на македонски граѓани кои живеат во Европа и светот, каде заминале во потрага по подобра работа и посигурна иднина.
-
КАФАНА, КАЊОН И ВОИН НА КОЊ Скопје е меѓу 50-те најпосакувани дестинации на Форбс за годинава
Освен кањонот Матка рецензијата на Форбс ги спомнува кафаните во Дебармаало и тоа како посебен феномен. Се вели задолжително проверете ја кафаната. Македонија, како и многу балкански земји, е позната по кафаната, што претставува ресторан во стил на кафуле во кој се служи првенствено кафе и алкохолни пијалоци.
-
Проверете дали ве има во списоците за финансиска поддршка: МТСП ги објави списоците на корисниците
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска соопшти дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка се објавени на веб страната на министерството.
-
Се откажуваат летови од СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ - Еве ја причината
Утрово на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажуваат летовите кон Турција, поточно кон Истанбул.
-
Работодавач од Печењевац бара работници - Почетна плата од 1.000 евра и плаќа обука: На работникот му дал патување во Париз за роденден
Компанијата „Коста шпед“ од Печењевац кај Лесковац, која се занимава со патен товарен транспорт, сака да вработи четворица нови работници чија почетна плата ќе биде 1.000 евра.
-
РОМАНЦИТЕ И БУГАРИТЕ НАЈМНОГУ ТРОШАТ НА ХРАНА - колкави се нашите трошоци и кој троши најмалку во ЕУ на основни потреби?
Во најразвиените европски земји само 10-тина проценти од расходите во семејствата се трошат за храна и безалкохолни пијалоци. Сепак, и во ЕУ има разлики, па дел од земјите, како Романија, Литванија, Бугарија трошат од 20 до 24 проценти од вкупните расходи за овие намени.
-
Германија планира двојно да го зголеми бројот на работни визи за луѓето од Западен Балкан
Германија планира двојно да го зголеми бројот на работни визи за луѓето од Западен Балкан, од сегашните 25.000 годишно на 50.000
-
МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ ЌЕ ЈА ИЗГУБАТ РАБОТАТА ДО 2030 ГОДИНА?! Тие се први на удар, а еве ги најбезбедните занимања!
Работниците со знаење во врска со зелената економија, фармите на ветер, соларните панели би можеле да бидат особено барани, а овие работни места се изложени на ризик.