Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Клиничката болница Штип бара вработување на околу 50 лица, меѓу кои и 15 лекари
Околу 50 вработени, доктори, медицински сестри и секаков вид персонал недостасува на речиси сите одделенија во Клиничка болница Штип. Дел од вработените заминаа на работа во приватното здравство, друг дел се пензионираа, па како што вели директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев, ситуацијата со кадарот е тешка.
-
Од денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од денеска од 18.00 часот, поради најавениот настан за организирано чествување на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 04.02.2023 (сабота) во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото на одржување на настанот, при што ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
-
Од прилепските училишта во првото полугодие се испишале околу 130 ученици
За само првото полугодие, од прилепските училишта се испишале околу 130 ученици и со нивните родители заминале во странство.
-
Какви мајстори ќе му требаат на градежништвото во 2023 година?
Рационалната потрошувачка на енергија сама по себе веќе не е доволна. Градежниот сектор има за што да размисли, бидејќи мора соодветно да одговори на бројните предизвици што ќе следат во текот на 2023 година.
-
Португалија гради соларна централа и ќе вработува 2.500 луѓе
Се очекува централата да произведува евтина енергија што ќе ги задоволи годишните енергетски потреби на околу 430.000 домаќинства.
-
Од вечер врнежи од снег и на пониските места, од следната седмица минусни температури
Денеска попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет. До изутрина на планините снежната покривка ќе се зголеми, а ќе се формира помала снежна покривка и на некои пониски места, особено во северните делови.
-
Еве во која општина детските градинки се бесплатни
Започнувајќи од вчера, детските градинки во општина Валандово се бесплатни.
-
Саемот завршува на ПОЛНОЌ - Последна шанса да се пријавите за сезонска или постојана работа во Хрватска!
Sezonac.hr завршува денес - искористете ја оваа можност и пријавете се на некои од огласите за сезонски или постојани вработувања!
-
Греењето во Скопје ќе биде исто за сите потрошувачи, од 6 до 22 часот и внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен
АД ЕСМ ја известува јавноста дека спроведе промени во системот на греење на град Скопје во правец на стандардизирање и изедначување на греењето, односно исти услови за сите потрошувачи, кои ги има вкупно 62.000 (домаќинства, деловни објекти и институции).
-
Словенија “плаче” по странски работници
Во Словенија има хроничен недостиг на работна сила во одредени индустриски гранки, бројот на барања за вработување на странци е зголемен за три пати од 2016 година, но проблем се долгите процедури за добивање на потребните документи, пренесува РТВ Словенија.