Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Греењето во Скопје ќе биде исто за сите потрошувачи, од 6 до 22 часот и внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен
АД ЕСМ ја известува јавноста дека спроведе промени во системот на греење на град Скопје во правец на стандардизирање и изедначување на греењето, односно исти услови за сите потрошувачи, кои ги има вкупно 62.000 (домаќинства, деловни објекти и институции).
-
Словенија “плаче” по странски работници
Во Словенија има хроничен недостиг на работна сила во одредени индустриски гранки, бројот на барања за вработување на странци е зголемен за три пати од 2016 година, но проблем се долгите процедури за добивање на потребните документи, пренесува РТВ Словенија.
-
Со инвестиција од 200 до 400 илјади евра до македонско државјанство
Со инвестиција од 200 до 400 илјади евра до македонско државјанство Специјализирани сајтови за инвестиции во странство ја посочуваат Македонија како поволна даночна средина, а како главен бенефит од македонскиот пасош се наведува дека со него може да се патува во 125 дестинации
-
Заврши растот на цените на половните возила
Повеќе од две години дилерите на половни автомобили ги тријат рацете од среќа, но сега се чини дека ситуацијата се менува.
-
ГЕРМАНСКИ ЛАНЕЦ НА МАРКЕТИ ВОВЕДУВА РАДИКАЛНА ПРОМЕНА: Оваа храна повеќе нема да се продава
Алди, познатиот синџир на храна, објави дека нивните капацитети во Швајцарија повеќе нема да продаваат овошје и зеленчук испорачани со авион.
-
Paypal ќе отпушти 2.000 работници или 7% од персоналот
PayPal во вторникот објави дека планира да отпушти околу 2.000 вработени, или приближно 7% од својот персонал, што ја прави најновата технолошка компанија која објави значителни кратења на работни места во последниве месеци во услови на поширока економска несигурност.
-
Пари анализа: Дали растот на платите во администрацијата ќе донесе подобар живот од пред 5 години?
Новиот закон за систем на плати во јавниот сектор е на јавна расправа до 15 февруари.
-
Изгор цени за нашите ски-центри, Пониква три пати поскапа од Златибор
На повидок е уште една пропадната зимска туристичка сезона. Странски туристи нема, а нема ниту најава дека ќе дојдат.
-
Работниците кои не се со полно работно време ќе имаат исти права со оние кои се - Eдинствена работа ќе биде во пониската плата
Денеска се одржа јавна расправа за новиот Предлог закон за работни односи, на која од претставниците на Министерството за труд и социјална политика беа презентирани клучните новини во новото предлог законско решение, пред претставниците на адвокатската комора, адвокати, судии, јавни обвинители, професори и експерти по трудово право, претставници на здружение на млади правници и здружение на трудово и социјално право, како и претставници на Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување на Северна Македонија.
-
Сè е можно со пари: Ова се пет земји во кои можете да добиете двојно државјанство
Со оглед на сите промени кои се случија во светот, се промени и опцијата за двојно државјанство, а токму поради оваа причина некои земји со посебни услови ви нудат идеална програма за двојно државјанство.