Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Избрани најлошите градови во секоја држава во Европа – кој е „победникот“ од Македонија?
На ТикТок профилот којшто неретко објавува мапи од Европа со необични податоци, објавена е една приказна за најлоши градови во секоја земја.
-
Отворен градскиот базен Куманово - еве колку чини еднодневниот билет
Од денеска повторно е во функција градски базен Куманово, извршени се поправки, уредувања и базенот е подготвен да ги прими клубовите и граѓаните, соопштија денеска надлежните од ЈП „Куманово-Паркинг“ кои од неодамна менаџираат со комплексот.
-
За 4 месеци се испишале 200 ученици! – Тетово се празни, семејствата заминуваат на запад за подобар живот
За само четири месеци околу 200 средношколци и основци од градот Тетово се иселиле во странство. Тоа значи дека се затвориле околу 8 одделенија. Од секторот за општински дејности велат дека овие податоци се загрижувачки бидејќи училиштата ќе останат без ученици.
-
Еве колку заработи Фајзер во 2022 година
Американската фармацевтска компанија Фајзер објави дека ја завршила 2022 година со најголем приход досега, благодарение на вакцината и лековите за Ковид-19, предупредувајќи истовремено дека очекува послаб резултат оваа година поради намалените случаи на инфекција со вирусот и резервите.
-
ХРВАТСКА СТАНА НОВАТА ЈУГОСЛАВИЈА! Од поранешната федерација лани примила повеќе од 100.000 работници
Според податоците на Националното биро за статистика, просечната исплатена нето-плата по вработен во Хрватска во ноември лани изнесувала 1.038 евра, што е значително повеќе од другите земји во регионот.
-
Големо намалување на дизелот, ова се новите цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 30.1.2023 година.
-
Недела ќе биде неработен ден за сите билетарници на ЈСП
Од претстојниов викенд (4-5 февруари), недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје, соопштија од ова јавно претпријатие.
-
Важна вест за возачите: Сите кои имаат таблички со ознаката МК – мора да ги променат со NМК во овој рок
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката “МК“ со ознаката “NMK“.
-
Ако возите во Германија проверете дали го имате ова во возилото
Од почетокот на февруари, возачите кои возат на релации во Германија мора да ги надополнат комплетите за прва помош. Во земјата стапува на сила нов стандард на нивната опрема.
-
Австрија ги поскапе вињетките за автопатиштата – казната за непоседување е 120 евра
Ако патувате во Австрија треба да знаете дека се паскапени вињетките за користење на автопатиштата во таа земја. Годишните вињети купени во 2022 година за Австрија и Швајцарија важеа само до вчерас – 31 јануари 2023 година. Ова исто така важи и за дигиталните годишни вињети за Австрија.