Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Европска земја го зголемува минималецот
Премиерот Педро Санчез најави дека владата годинава ќе ја зголеми минималната плата за осум отсто.
-
Задолжителен бакшиш и во кафеаните во Македонија?
Во Македонија досега имало повеќе обиди да се воведе задолжителен бакшиш, но сè уште тој е оставен на волјата на гостите.
-
Во која земја во Европа најмногу се консумира алкохол?! Maкедонците во топ 10 каде најмалку се пие
Дали сте знаеле дека Европа е континент – рекордер во светот по пиењето алкохол?!
-
Нов бран протести ја парализираа Франција: Училиштата затворени, сообраќајот во застој
Синдикатите во Франција организираа нови протести против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
-
МОН ги објави резултатите од конкурсот – проверете дали сте добитник на стипендија
Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии кој траеше до 5 декември.
-
Општина Крива Паланка ќе им додели по 3000 денари на сите матуранти од градот
Советот на Општина Крива Паланка ја усвои одлуката за доделување еднократна парична помош во висина од 3000 денари на матурантите од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од градот.
-
Европа призна дека повеќе нема контрола врз поскапувањето на цените на храната
Европската комисија (ЕК) направи се што е во нејзина моќ да го зголеми снабдувањето со храна.
-
Австрија на граѓаните им дава 5.000 евра за да купат автомобил
Австриското Министерство за заштита на климата, животна средина, енергија и мобилност ја продолжи промотивната кампања во која државата го субвенционира секој граѓанин кој сака да купи нов автомобил со 5.000 евра, но со два услова – да се работи за електричен автомобил кој не е поскап од 60.000 евра.
-
Финските работници штрајкуваат поради лошите плати
Работниците во неколку компании од технолошката индустрија ќе штрајкуваат во Финска од среда до петок оваа недела, откако не беше најдено решение за спорот за платите, соопштија денеска работодавците во технолошката индустрија.
-
Која земја е најкорумпирана во Европа?
Лидер по корупција во Европската Унија (ЕУ) е Унгарија.