Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Невработените не прифаќаат работа под 30 илјади плата
Потребата од дополнителна работна сила на пазарот на труд, како што најавуваат од Владата ќе се решава со увоз на работници.
-
Половина од Европејците со намален животен стандард!
Новиот извештај на „Евробарометар“ покажува дека просечно 45 отсто од испитаниците во актуелниве околности се соочуваат со „неколку“ или „многу“ тешкотии, предизвикани поради нивните лични приходи. Резултатите истакнуваат дека на целиот Стар Континент владее „загриженост поради повеќеслојната долгорочна криза“…
-
Речиси 40 отсто од онлајн-продавниците користат манипулативни техники
Речиси 40 отсто од онлајн-продавниците користат манипулативни техники за да ги наведат потрошувачите да донесуваат одлуки што не се во нивен најдобар интерес, покажува истражувањето спроведено од Комисијата и националните органи за заштита на потрошувачите од 23 земји-членки на ЕУ
-
Поскапуваат горивата – Ова се новите цени
Повторно поскапуваат горивата!
-
Децата под 13 години се премногу мали за социјалните мрежи, велат медицинските експерти
Децата помлади од 13 години се премлади за социјалните мрежи бидејќи сè уште го развиваат својот идентитет, вели највисокиот американски службеник за јавно здравје, Вивек Мaрти. „Мета“, „Твитер“ и мноштво други гиганти на социјалните мрежи им дозволуваат на 13-годишниците да се приклучат на нивните платформи.
-
„ЕГЗИТ“ изгласан во топ 5 фестивали во светот!
Најголемиот музички фестивал во нашиот регион, „ЕГЗИТ“ е изгласан за 5-ти најдобар фестивал во светот, објави еден од водечките светски музички медиуми „Диџеј Маг“ (DJ Mag)!
-
Работењето во недела мора да се плати 50% повеќе, а работењето од дома отсега ќе биде и законски регулирано!
Работењето од дома во Хрватска отсега ќе биде и законски регулирано. Работникот во Хрватска од почетокот на 2023 година може од работодавецот да бара измена на договорот поради работа на далечина, а и работењето во недела мора да се плати 50% повеќе.
-
Занаетчиите инсистираат да работат во недела, синдикатот вели не е се во парите!
Малите семејни бизниси повторнио го актуелизираат нивниот проблем со неработниот ден недела.
-
Холандскиот електронски гигант Philips ќе укине 6.000 работни места ширум светот
Холандскиот производител на потрошувачка електроника и медицинска опрема Philips во понеделникот објави дека ќе укине 6.000 работни места ширум светот во следните две години, бидејќи откри нето загуба од 1,6 милијарди евра во 2022 година, што е огромен пад минатата година, кога компанијата имала нето добивка од 3,3 милијарди евра.
-
Бакшишот во Хрватска ќе се наплаќа и со картичка
Хрватската стопанска комора (ХГК) подготвува предлог-закон според кој во системот за фискализација на угостителите би биле вклучени бакшиши.