Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Додека други гиганти отпуштаат, тие најавуваат дури 10.000 нови работни места
„Боинг“ најави дека ќе вработи 10.000 работници во 2023 година, откако го зголеми производството на авиони по пандемијата „Ковид-19“, објави американскиот производител.
-
Во овој град одењето по костум за капење и пиење алкохол на јавно место ќе ве чини 150 евра
На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред во која се пропишани повисоки казни за прекршителите, па може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, бидејќи доколку бидат фатени по комунален ред ќе им следува казна од 150 евра.
-
Дел од општина Аеродром утре ќе остане без струја
Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 30.01.2023 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
-
Работодавачите со барање – да плаќаме боледување за 15 дена, наместо за 30, има многу злоупотреби
Работодавачите бараат наместо за 30, боледување да плаќаат за 15 дена. Од Организацијата на работодавачи (ОРМ) велат дека до нив сè почесто пристигнуваат жалби од газди за злоупотреби со боледувањата. Тоа се случувало не само во приватниот, туку и во јавниот сектор.
-
Извештај на „Стандард&Пурс“: Стабилен денар и банкарски сектор, нефункционалните кредити на ниско ниво
Денарот останува стабилен, а во следниот период не се очекуваат притисоци врз девизните резерви.
-
Дали и Хрватска стана „богатиот запад“ за балканските соседи?
Минатата година, Хрватска прими повеќе од 100.000 работници од Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Косово.
-
Kои две земји се најпосетувани светски дестинации?
До 2025 година, според проценките на GlobalData, Франција треба да привлече повеќе од 93 милиони меѓународни туристи годишно, со што ќе ја зацврсти титулата како најпосетувана земја во светот.
-
Дебатата продолжува: Дали СЗО ќе прогласи крај на пандемијата?
Вчера, меѓународен комитет на експерти почна да расправа за укинување на вонредната состојба во јавното здравство поради коронавирусот.
-
ЈАГМА ЗА ОВАА РАБОТА ВО СРБИЈА - заработуваат дури и повеќе од програмерите, а немаат фиксно работно време
Работата на фитнес тренер станува се попопуларна во последно време, кога се повеќе луѓе се грижат за својот изглед и здравје, поради што често ангажираат лични тренери, кои се посветени исклучиво на нив за време на тренинзите.
-
Кој заработува најмногу во Германија?
Платата во Германија не зависи само од професијата, туку и од областа во која работите, како и од големината на компанијата која е ваш работодавец. Во кои професии можат да се заработат најмногу пари?