Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Просечната плата за само три години порасна за 7.000 денари!
Зголемувањето на минималната плата директно влијае на зголемувањето на просечната плата, според податоците на Државниот завод за статистика просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година изнесува 33.011 денари, а во истиот период износот на минималецот е 18.000 дена
-
Без струја делови на Петровец, Аеродром и Чучер Сандево
Од „ЕВН Македонија“ информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-
Македонската кујна на 59-то место во светот - Еве што нудиме
Над 100 илјади учесници во анкетата на специјализираната вебстраница за традиционална храна „Тејст атлас“ ја позиционираа македонската кујна на 59. место меѓу 95 национални кујни во светот за 2022 година, со просечна оценка 3,92 од можни 5.
-
Ќе се стави ли ред со висината на платите и квалитетот во јавната администрација?
Со ниски плати, а висока инфлација, во време кога трошоците за живот постојано растат, Македонија е меѓу најсиромашните земји во регионот покажуваат податоците од државниот завод за статистика.
-
Во Струшко учениците „онлајн“ - наместо за распустот, школите ги реновираат сега
Наместо во училишните клупи, околу 900 основци од Струга останаа дома и второто полугодие го почнаа следејќи онлајн настава.
-
Гужва во Скопје: Избегнувајте ги овие улици и булевари
Центарот за управување со кризи - Скопје известува дека зголемен број возила во овој период од денот има долж :
-
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Откажани околу 300 летови од еден германски аеродром поради штрајк!
Сите патнички летови од берлинскиот аеродром Бранденбург денеска се откажани или пренасочени поради еднодневниот штрајк на работниците, јави германската новинска агенција ДПА.
-
Триесет и шест ученици од Кавадарци оваа учебна година се испишале и заминале во странство
Триесет и шест ученици од општина Кавадарци оваа учебна година, во второто полугодие, се испишале и заминале во странство.
-
ИСТОЧНА СРБИЈА КАКО ЕЛДОРАДО: Пронајдени повеќе наоѓалишта на златна руда
Во Србија е пронајдено наоѓалиште на злато кое според прелиминарните истражувања е едно од стоте најголеми во светот.
-
И нискобуџетниот норвешки „Air Shutlle“ ќе лета од Скопје: од скопскиот аеродром кон Осло, Сплит, Дубаи...
ТАВ Македонија ја подобрува поврзаноста на скопскиот аеродром со лансирање на голем број нови линии во 2023 година и влезот на неколку превозници на македонскиот пазар.