Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Новите згради во Скопје ќе мора да имаат безбедни паркинзи за велосипеди
Задолжително да се воведат паркинг места за велосипеди!
-
Од следната недела поскапуваат поштенските услуги, писмата со повисоки цени
Од 1 февруари поскапуваат стандардните поштенски услуги во внатрешниот сообраќај на АД Пошта со одобрение од Агенцијата за пошти како регулаторно тело.
-
Ни Босанците ни Србите - Македонците се најбараните сезонски работници во Хрватска
Интересот на работниците во Македонија за доаѓање на југот на Хрватска е голем. Околу 890 вработени од Македонија минатата сезона работеле на хрватското приморје а тамошните работодавачи велат дека била воспоставена одлична соработка, како и добар однос меѓу работодавачите и вработените.
-
Месеци или години, колку време е потребно за пронаоѓање на работа во странство?
Секој човек е приказна за себе и секој кој заминал да работи надвор од Македонија има различно искуство. Но, сепак за да заминат во странство, граѓаните честопати е потребно да поминат низ процес на апликации, интервјуа, селекција, да учат јазик, а за сето тоа се потребни месеци или години.
-
Газдата му дал ОГРОМНА СУМА да ја предаде на друг колега, па решил да исчезне со парите!
На 23.01.2023 во Полициската станица Гази Баба, правен застапник на фирма од Скопје пријавил дека вработен во фирмата противправно присвоил ОГРОМНА СУМА пари од фирмата.
-
ПОСКАПУВААТ ПОШТЕНСКИТЕ УСЛУГИ Писмо до 50 грама ќе чини 36 денари
Новиот ценовник на пошта важи од 1 февруари.
-
Во Македонија лани се отворени 8.665 фирми, речиси идентичен број како и во 2021
Во 2022 година, отворени се 8.665 нови фирми, а во 2021 година биле отворени 8.662, покажуваат податоците ажурирани до 16-ти јануари.
-
Кој е најголемиот бизнис во Македонија? Вреди 2 милијарди евра за 11 месеци!
Речиси половина од целиот трговски дефицит на Македонија го креира увозот на фосилни горива!
-
Електронски идентитет ќе добие секој во државата
Владата на денешната 121. седница ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за внатрешни работи, за потребата од изработување план за воспоставување национален електронски идентитет за секој граѓанин.
-
Што работат најбогатите жени во Регионот?
Белградскиот бизнис магазин „Неделник“ направи ранг листа на стоте најбогати луѓе во Регионот, односно во земјите од екс-ју. Најголем дел од нив се деловни луѓе од Србија (46), потоа Хрватска со 27 претставници, Босна и Херцеговина со 12, Северна Македонија со седум и Црна Гора со шест мегабогаташи.