Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
МОН: До крајот на јануари исплата на ученичките и студентските стипендии и оброк
Министерството за образование и наука известува дека исплатите за ученички стипендии, студентски стипендии во земјата и во странство и субвенциониран студентски оброк ќе се реализираат во текот на следната недела.
-
Со недели доцни скијачката сезона поради топлото време, туристичките центри низ земјава во була
„Многу топол ноември“ и „екстремно топол декември“ е главната констатација на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во изработените месечни извештаи за временската состојба во Македонија за последните два месеци од 2022 година.
-
Mercedes ќе ги почести вработените со рекорден бонус од 7.300 евра
Германската компанија Mercedes-Benz дел од профитот дели со своите вработени од 1997 година, а годинава ќе им исплати рекордна сума.
-
Лихтенштајн на референдум ќе одлучува за казината, не сакаат да се етаблира земјата како жариште за покер во Европа
Лихтенштајн, познат по прекарот „Лас Вегас Алпа“, ќе мора да ги затвори своите шест казина доколку се изгласа референдумот закажан за 29 јануари.
-
Наградата „Најдобар работодавач“ е највредното нешто за имиџот на компаниите - Потврда од нивните вработени дека се најдобри“ - Интервју со Ана Болковац, Мој Посао
Компаниите кои имаат ангажирани вработени бележат 21% поголема профитабилност и дури 2 пати поголема лојалност на клиентите кога се грижат за задоволството на вработените во компанијата
-
По скенирање сметки, на ред е собирање поени од каснување од улични кучиња
Ќе има поклон нешто за првиот што ќе ги собере сите поени од каснување на куче?
-
Meта: Увозот на половни возила се намалува, расте интересот за купување нови автомобили
По долги години, во Македонија лани драстично опаднал бројот на увезени половни автомобили од странство, за сметка на зголемениот број на увезени нови автомобили.
-
Дојче Телеком е највредниот бренд во Европа
Телеком се наоѓа на единаесеттото место во светот, а вредноста на неговиот бренд изнесува УСД 62,9 милијарди
-
ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА!
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,90 % во однос на одлуката од 16.1.2023 година.
-
„Добредојдени сте“ - Понуда за работа од хрватски Мекдоналдс
Откако Босна и Херцеговина остана без светскиот бренд Мекдоналдс бидејќи локалната компанија ја загуби лиценцата, од соседна Хрватска доаѓа понуда за работниците кои останаа без работа.