Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
За 25 години Црна Гора ја напуштиле 140.000 луѓе
За 25 години Црна Гора ја напуштиле 140.000 граѓани, 5.000 од нив само лани, а причините за миграцијата, според експертите, се неможноста за заработка, партиските вработувања и општата нестабилност на општеството.
-
Македонците лидери во регионот според потрошувачка на цигари по најниска цена
Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач.
-
Кој е новиот највреден бренд во светот
Брендот ја врати својата позиција како највреден бренд во светот и покрај падот на вредноста од 15 отсто оваа година, според годишното рангирање Brand Finance Global 500 на 48 технолошки компании.
-
Брегзит ја чинеше Британија 330.000 работници
Ограничувањата на имиграцијата поради Брегзит доведоа до недостиг од 330.000 работници во Британија, што придонесува за заострување на пазарот на трудот и поттикнување на инфлацијата, покажа новиот извештај, цитиран од Блумберг.
-
Германија очајнички бара 50.000 угостителски работници
Германските здруженија на угостители вчера го вклучија алармот поради големиот недостиг на работници во оваа индустрија.
-
Храната масовно се краде - на овие производи се ставаат аларми
Британците од ден на ден се соочуваат со се' поголема економска криза, штрајковите не престануваат...
-
Наскоро нова монета од две евра!
Новата монета од две евра со мотивот на Елбфилхармонијата ќе излезе на 24 јануари. Бундесбанката најави дека треба да бидат пуштени во оптек до 30 милиони вакви монети.
-
Овие скопски општини денеска ќе бидат без струја!
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.
-
Нема лошо време за добра позиција - ПРОКРЕДИТ вработува во Сектор за финансии!
- работната позиција се однесува за Скопје
-
Албанските граѓани без виза ќе патуваат во Кина
Албанските граѓани ќе можат да патуваат во Кина без визи според договорот потпишан меѓу двете земји, јави Албанската радио-телевизија, повикувајќи се на објава на албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи.