Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
ЌЕ ЧЕКАМЕ ЦЕЛИ ДВА МЕСЕЦИ – еве кога е следниот неработен ден, особено испланирајте ги овие споени викенди!
Денеска е последниот неработен ден од овој долг прв месец од годината, а по трите неработни дена, за следните продолжени викенди ќе почекаме цели два месеци.
-
Бројот на жители во Германија првпат надмина 84 милиони, но поради имиграција
Германија на крајот на 2022 година имала најмалку 84,3 милиони жители, според прелиминарните проценки направени денеска од Федералниот завод за статистика од Визбаден, што е повеќе отколку на крајот на некоја година откако се води статистика.
-
На определено време ќе може да се работи само две години, а ќе може да има одмор и повеќе од 26 дена
Се готви новиот Закон за работни односи, со измените запознаени и синдикатот и работодавачите
-
Колкави се платите на претседателите во регионот?
Иако вчера му беше зголемена платата, српскиот претседател Александар Вучиќ сепак ќе зема најниска плата од сите негови колеги во регионот и таа ќе изнесува околу 170.000 динари (1.447 евра) месечно. Но и натаму со македонскиот шеф на државата Стево Пендаровски се најслабоплатени на оваа функција, пишува српскиот весник „Данас“.
-
ПРЕДЛОГ: По 46 години ќе се укине матичниот број на граѓаните
Хрватскиот Сабор ќе расправа за конечниот предлог на Законот за престанок на важење на Законот за матичен број, бидејќи со денот на истекот на овој акт, 1 јануари годинава, на граѓанинот му престанува утврдувањето на матичните броеви, пренесува А1он.
-
Каде исчезнаа памукот, афионот и шеќерната репка од македонските ниви?
Земјоделските култури карактеристични за ова поднебје, како памукот, афионот и шеќерната репка скоро целосно исчезнаа од нивите. Се работи за перспективни култури – сметаат агрономите, кои може повторно да се произведуваат доколку државата ја реализира земјоделската стратегија на дело…
-
Ќе се радуваме конечно на првиот снег? - еве каде провејува во моментот
Ќе се радуваме конечно на првиот снег? - еве каде провејува во моментот
-
ЈСП денес вози по неделен возен ред, дежурни ќе бидат три билетарници
Јавниот превоз во Скопје денеска ќе функционира по неделен возен ред поради верскиот празник Богојавление – Водици.
-
Мајкрософт најавува укинување на илјадници работни места
Мајкрософт се подготвува да укине илјадници работни места во најновиот потег на една од најголемите светски технолошки компании да ја намали својата работна сила во услови на забавена глобална економија.
-
Како ќе се пресметува „Солидарниот“ данок и кој мора да го плаќа!?
Солидарен данок, наместо данок на добивка. Ова ќе биде новото име за давачката која ќе ја плаќаат успешните македонски компании кои во време на кризата оствариле екстра профит.