Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
ПЛАТИ ЦАРИНА, ПА ВОЗИ КОЛКУ САКАШ! Бугарските таблички на возилата мора да се „преведат“ до крајот на месецов
Од 11.01.2021 до 21.06.2021 година, вкупно се оцаринети 4.596 возила, од кои 3.265 се со бугарски таблички. Вкупно се наплатени 400 милиони денари како увозни давачки за возилата со странски регистарски таблички.
-
Сакате да реновирате во домот? Бидете спремни за ценовен "шок"
Молерисувањето е еден вид домашна работа што можете да ја направите сами со мала вештина, или некој да ви покаже како да го правите тоа.
-
Ќе се субвенционира полагање на возачка
Целосно покривање на трошоците за обуката за полагање на возачка дозвола најави Општина Карпош. Во текот на оваа година ќе биде објавен огласот на кој ќе може да аплицираат само жителите на Општина Карпош и тоа оние кои во тековната полнат 18 години.
-
Просечната плата во Загреб за една година пораснала за 8,2 отсто
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во градот Загреб за октомври 2022 година изнесува 1.187 евра (8.944 куни), што претставува номинален пораст од 8,2 отсто во однос на октомври 2021 година, покажуваат податоците на Одделението за статистика на Загреб.
-
Амазон затвора три магацини во Велика Британија – отказ за 1.200 вработени
Американската компанија за онлајн продажба „Амазон“ соопшти дека планира да затвори три магацини во Велика Британија, што ќе значи отпуштање на 1.200 вработени.
-
ЛУФТХАНЗА ЌЕ ЛЕТА ОД СКОПЈЕ: Познат е и датумот!
Луфтханза ги зголемува своите операции низ поранешна Југославија ова лето, директно опслужувајќи шест од седумте пазари во регионот, како и зголемувајќи ги фреквенциите и воведувајќи нови рути.
-
Французите треба да работат подолго, еве кога може да се пензионираат
Французите треба да работат две години подолго, до 64-годишна возраст за целосна пензија.
-
Сите вработени државно ќе имаат иста плата, еве кој ќе има најголема!
Единствениот национален регистар на прописи го објави предлог Законот за системот на плати, во кој треба сите вработени во јавниот сектор и функционерите да имаат горе-долу еднакви плати според компетенциите.
-
Со македонски пасош без визи во 125 земји
Македонскиот пасош е рангиран на 44. место според индексот на Henley Passport за 2023 година, и со него без визи може да се патува во 125 земји во светот.
-
Кој колку должи – УЈП ја објави најновата листа на должници
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.01/2023 за долгови доспеани до 30.09.2022 и неплатени до 31.12.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: